Џорџ Бернард Шо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Infobox writer → Инфокутија Писател
Нема опис на уредувањето
Ред 18:
}}
 
'''Џорџ Бернард Шо''' ([[англиски]]: ''George Bernard Shaw'') ({{роден во|Даблин}}, {{роден на|26|јули|1856}}, - [[ДаблинХартфоршир]] -, {{починал на|2|февруари|1950}}, [[Хартфоршир]]) — британски [[писател]], [[романописец]], музички и [[драмски критичар]] од ирско потекло. Во [[1925]] година ја добил [[Нобелова награда за литература|Нобеловата награда за литература]].
 
==Животопис==
Шо е роден во [[Даблин]], на [[26 јули|26 јули]] [[1856]] година, во сиромашно буржоаско-благородничко семејство. Уште во младоста ја трпел сиромаштијата, поради што, според сопственото признание, трпел чести понижувања. Неговото [[образование]] било нередовно, а тој бил слаб ученик: не ги сакал домашните задачи кои ги препишувал од своите другари на кои, за возврат, им раскажувал приказни од [[Хомер]]. Исто така, често бегал од училиштето за време на часовите по веронаука. Учел во повеќе училишта во [[Ирска]], а најпосле завршил средно трговско училиште. Веќе на возраст од 15 години се вработил како писар во [[претпријатие]] за купопродажба на недвижности во Даблин, каде следната година бил унапреден во благајник, иако во канцеларијата често пеел арии од италијанските [[Опера|опери]]. Во [[1876]] година го напуштил Даблин и се преселил во [[Лондон]], каде што веќе живеела мајка му. И во Лондон работел како ситен службеник, а паралелно со тоа започнал да пишува. Шо бил висок над два метра, бледолик, слаб, со сини [[очи]], црвена брада и зборувал со ирски нагласок.<ref>Bernard Šo, ''Pigmalion''. Beograd: Rad, 1964, стр. 101-102.</ref><ref>Dušan Puhalo, „Džorž Bernard Šo“, во: Bernard Šo, ''Kandida''. Beograd: Rad, 1961, стр. 84-85.</ref>
 
Уште како дете во Даблин, под влијание на Шели и на другите романтичарско-револуционерни дела, Шо станал атеист и слободен мислител. Но, кога се преселил во Лондон, Шо го слушнал говорот на американскиот [[економист]] и [[социолог]] [[Хенри Џорџ]], кој се залагал за [[национализација]] на земјата и за [[прогресивно оданочување]] и тогаш, според неговите зборови, „пред очите му светнало значењето на економската подлога на општеството“ и така тргнал во „ослободителна [[војна]] за човештвото“. На тој начин, на возраст од 26 години, Шо постаналстанал [[социјалист]]. Под влијание на Џорџ, Шо го проучил „[[Капитал (дело на Карл Маркс)|Капиталот]]“ на [[Карл Маркс|Маркс]] и во [[1884]] година им пристапил на Фабијанците – група на социјалистички интелектуалци кои подоцна учествувале во основањето на [[Лабуристичка партија|Лабуристичката партија]]. Потоа, во текот на неколку години држел говори по улиците и парковите и пишувал прогласи и економско-политички написи во кои ги пропагирал идеите на тоа друштво, прераснувајќи во еден од најпознатите и најомилените говорници.<ref name="Pigmalion. Beograd 1964">Bernard Šo, ''Pigmalion''. Beograd: Rad, 1964, стр. 102.</ref><ref>Dušan Puhalo, „Džorž Bernard Šo“, во: Bernard Šo, ''Kandida''. Beograd: Rad, 1961, стр. 86-87.</ref>
 
Повеќе од половина век, Шо бил еден од најпознатите писатели во светот, постојано привлекувајќи го вниманието на јавноста. Неговата голема популарност произлегувала и од неговото однесување: тој често излегувал пред публиката и го искажувал своето мислење за разни прашања при што обилно ги користел иронијата и парадоксот како изразни средства.<ref>Dušan Puhalo, „Džorž Bernard Šo“, во: Bernard Šo, ''Kandida''. Beograd: Rad, 1961, стр. 84.</ref>
Ред 53:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://hybread.mk/ako-ima-volja-ima-i-nachin-george-bernard-shaw/ Мисли од Џорџ Бернард Шо]
 
{{Нобелова награда за литература}}