Жени (роман на Буковски): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 4:
Романот се состои од 104 поглавја.
* ''Глава 1 - 29'': Хенри Кинаски е маж на околу 50 години, релативно познат [[поет]] и [[Алкохолизам|алкохоличар]], кој веќе четири години немал [[секс]]уални односи со жена. За време на едно поетско читање, тој ја запознава привлечната Лидија Венс - разведена жена и мајка на две деца. Набргу, тие стануваат љубовници, но нивната врска е исполнета со кавги и чести разделби, предизвикани од алкохолизмот на Хенри и љубомората на Лидија. Истовремено, Хенри оди на поетски читања во различни држави низ [[САД]] при што редовно има краткотрајни љубовни врски. По една разделба со Лидија, Хенри почнува врска со Ди Ди Бронсон, успешна деловна жена, која му посветува голема грижа, но тој постојано мисли на Лидија. По некое време, Лидија повторно му се враќа, а разочараната Ди Ди се обидува да изврши [[самоубиство]], но Хенри ја спасува. Потоа, Ди Ди паѓа во [[Депресија (расположение)|депресија]] и го моли да не ја напушта, но Хенри пак ѝ се враќа на Лидија. По некое време, Хенри започнува љубовна врска со Никол, која завршува откако Лидија прави скандал пред нејзиниот стан. Потоа, Хенри има уште една кратка врска, овојпат со неговата обожавателка Мајнди од [[Њујорк]], која го посетува во неговиот стан, но тогаш се појавува Лидија, која ја напаѓа девојката.<ref>Čarls Bukovski, ''Žene''. Beograd: BIGZ, 1988, стр. 7-93.</ref>
* ''Глава 30 - 5066'': Хенри се согласува да замине на излет во [[Јута]], заедно со Лидија и нејзината сестра. Шетајќи низ планината, тој се загубува, но Лидија успева да го пронајде. За време на поетското читање во Хјустон, Хенри ја запознава Лаура, која ја нарекува Кетрин (по глумицата [[Кетрин Хепберн]]), и започнува љубовна врска со неа. Тогаш, Хенри пак ја напушта Лидија и Кетрин поминува неколку дена во неговиот стан, а веднаш по нејзиното заминување тој почнува врска со неговата обожавателка Теми. Кога дознава за таа врска, љубоморната Лидија го демолира неговиот стан поради што Хенри повикува [[полиција]], но не поднесува обвинение против неа. Еден ден, Лидија му кажува дека [[Абортус|абортирала]] и дека се сели во [[Феникс]]. Хенри ја посетува Џоана Довер во [[Далас]], а потоа, заедно со Теми, оди на поетско читање во [[Њујорк]].<ref>Čarls Bukovski, ''Žene''. Beograd: BIGZ, 1988, стр. 93-137168.</ref>
 
==Осврт кон делото==