Дојранско Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Местоположба и хидролошки одлики: Исправка на името, replaced: Кара Балија → Карабалија
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
:''За други значења на поимот '''Дојран''', видете на [[Дојран (појаснување)|појаснителната страница]]''
{{Инфокутија Водна површина
|lake_name = Дојранско Езеро
Ред 25:
}}
 
'''Дојранско Езеро''' ({{lang-el|Λίμνη Δοϊράνη}}) — најмало [[Тектонско езеро|тектонско]] [[езеро]] во [[Република Македонија]]. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќии зазема површина од {{км2|43,1}}. Западниот, поголемиот дел ({{км2|27,3}}) иѝ припаѓа на Р. Македонија ([[Општина Дојран]]), а источниот, помалиот ({{км2|15,8}}) на [[Грција]] ([[Кукуш (општина)|Општина Кукуш]]).
 
==Местоположба и хидролошки одлики==
Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на [[Македонија]]. Котлинскиот простор во кој е сместено е ограничен од север и северозапад со планината [[Беласица]], од запад и југозапад со ограноците на ридското подрачје [[Карабалија]] и од исток со ограноците на планината [[Круша (планина)|Круша]]. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на 148 м.
 
Површината на езерото изнесува {{км2|42,7}}, од кои {{км2|15,6}} иѝ припаѓаат на [[Република Грција]], а {{км2|27,1}} на [[Република Македонија]]. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од [[водостој]]от, така што во литературата и во официјалните публикации се среќаваат различни податоци од 41,9 до {{км2|43}}. Податокот од {{км2|42,7}} е податок од Статистичкиот завод на Македонија од [[1996]] година. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 24 км. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот.Најголемата длабочина изнесува 10 м. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на 100 метри оддалеченост од брегот, длабочината изнесува 3 метри. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува 267 км. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина.
[[Податотека:Dojran Lake 14.jpg|мини|десно|Кајчиња во Дојранското Езеро|266x266пкс]]
Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на Дојранското Езеро. Средногодишната температура во Дојранското Езеро изнесува {{темп|14,8}}, што е највисока вредност во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените {{темп|9,9}} во декември, до {{темп|3,9}} во февруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од {{темп|18}}. тоаТоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува {{темп|18,9}}, во јуни {{темп|22,4}}, во јули {{темп|24,3}}, август {{темп|24,2}} и во сепмтеври {{темп|20,4}}. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад [[Преспанско Езеро|Преспанското]], а посебно зад [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].
 
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10&nbsp;м и просечна длабочина од 6,7&nbsp;м.<ref>{{Наведена мрежна страница | url = http://www.opstinadojran.gov.mk/mak/index.asp?id=137
| title = Историја на Дојранското Езеро | publisher = Општина Дојран }}</ref>.

Дојранското Езеро е создадено во [[неоген]]о-[[квартер]]ниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско[[плеистоцен]]ско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127&nbsp;км<sup>2</sup>.

Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.
 
== Флора и фауна ==
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од безрбетници (праживотни-едноклеточни животни, [[Сунѓери|сунгери]], [[црв]]и, [[мекотел]]и, [[членконоги]], [[инсект]]и и др), како и претставници од 'рбетниците ([[риби]], [[водоземец|водоземци]], [[влекач]]и, [[птица|птици]] и [[цицач]]и). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички [[ендемит]]и. Од 15 видови риби, 1еден вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на списокот на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на [[корморани]] во огради од трска, т.н. [[Мандра|мандри]].
 
== Легенда за Дојранското Езеро ==
[[Податотека:Dorjan3.jpg|thumb|260x260px|right|Брег на Дојранско Езеро.]]
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка [[долина]] со бујни [[Ливада|ливади]] и разновидни [[Градина|градини]]. На едно поткренато место имало голем [[извор]]. Покрај долината живеела убава [[девојка]] која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу [[момче|момчиња]], но за голема несреќа и еден [[Турци|турски]] големец-[[кајмакам]]. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не ѝ давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина. За кусо време долината се претворила во прекрасно [[езеро]]. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот [[Дојран]].
 
== Надворешни врски ==
1. Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006
 
2. [http://www.mrf1952.mk/dokumenti/DOJRANSKO%20Z.pdf Нацрт риболовна основа за Дојранското Езеро - ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, 2008]
 
==Галерија==
Ред 71 ⟶ 70:
* [http://www.ribar.com.mk/index.php/ezera/item/559-dojransko-ezero Дојранското Езеро на порталот „Рибар“]
* [https://www.igeografija.mk/Portal/?p=2746 Дојранско Езеро — Македонска туристичка атракција], портал ИГЕО
1.* Н. Мариноски: Туристичка Географија (Универзитет "Св. Климент Охридски", Битола) Охрид, 2006.
2.* [http://www.mrf1952.mk/dokumenti/DOJRANSKO%20Z.pdf Нацрт риболовна основа за Дојранското Езеро - ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид, 2008]
 
{{Езера во Република Македонија}}