Разлика помеѓу преработките на „Роза Луксембург“

с
→‎Живот: Правописна исправка, replaced: Не можејќи → Неможејќи
с (→‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB)
с (→‎Живот: Правописна исправка, replaced: Не можејќи → Неможејќи)
За оваа револуционерна агитација, Луксембург и Либкнехт беа уапсени и затворени. Во затвор Луксембург прележува поголем дел од Првата светска војна: од февруари [[1915]] до февруари [[1916]] и од јули 1916 до ноември [[1918]] година. Додека е во затвор, таа ја пишува својата брошура „Кризата на социјалдемократијата“ (позната и како „Јуниус брошура“) која стана теоретска основа на Спартаковиот Сојуз. Во затвор го дочекува и избувнувањето на [[Руска револуција|Руската револуција]] и иако го оценува позитивно доаѓањето на власт на болшевиците, има неколку клучни забелешки кон нивното владеење, вклучувајќи ја нивната недемократичност, потпишувањето на [[Брест-литовскиот договор|Брест-литовскиот мировен договор]] со [[Германија]] и друго. Во септември 1918, сè уште во затвор, го пишува своето најпознато дело, „Кон Руската револуција", изнесувајќи ги во него своите забелешки кон руските болшевици. Сепак, откако по падот на монархијата во Германија во ноември [[1918]] е ослободена од затвор, решава да не го објавува ова свое дело, а тоа ќе биде објавено кон крајот на [[1921]] година од страна на [[Пол Леви]], тогашниот водач на Комунистичката партија на Германија.
 
По излегувањето од затвор, Луксембург веднаш започнува со револуционерна агитација, разобличувајќи го опортунизмот на владејачките социјалдемократи. Не можејќиНеможејќи да најдат заеднички јазик со раководството на Независната социјалдемократската партија на Германија, во декември таа и Либкнехт ја основаат Германска комунистичка партија.
 
На [[15 јануари]] [[1919]] Луксембург заедно со [[Карл Либкнехт]] и [[Вилхелм Пик]], предводници на Германската комунистичка партија, беа уапсени и испитувани во хотелот Алдон во [[Берлин]]. Иако не е познато што точно се случило, освен крајната казна, според еден опис, им било кажано дека ќе бидат преместени; германските војници ги придружувале Луксембург и Либкнехт надвор од зградата, онесвестувајќи ги кога излегувале. Пик успеал да побегне, додека онесвестените тела на Луксембург и Либкнехт биле нечујно однесени со германски воен џип. Потоа биле стрелани и фрлени во реката.