Остроготи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Кралството на Остроготите: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
с →‎Остроготски племенски сојуз: Правописна исправка, replaced: не можејќи → неможејќи
Ред 2:
'''Остроготите''' уште познати и како '''Источни Готи''' биле племенска групација која околу 3-от век се оделила од основната маса на готските племиња. Во тој ран период тие ги населувале териториите источно од реката [[Днестар]], северното крајбрежје на [[Црно Море|Црното]] и [[Азовско Море|Азовското Море]].<ref>Скаскин Д. и други (1970). Историја на средниот век, том 1, Скопје, стр 86.</ref>
== Остроготски племенски сојуз ==
Кон средината на IV век во црноморските степи бил формиран еден крупен племенски сојуз на чело со Остроготите, предводени од кралот (Х)Ерманарик. Покрај [[Готи]]те, во сојузот влегле и некои сарматски и словенски племиња. Источно од готскиот сојуз, во степите на Долна Волга и Северен Кавказ веќе бил формиран племенскиот сојуз на [[Хуни]]те, кои во средината на столетието ги поразиле [[Алани]]те и станале непосредни соседи на Остроготите. Неизбежниот судир помеѓу двата сојуза се случил во 375 година.<ref>Аџиевски К., - Петровски Б. (2009). Историја на Европа во раниот среден век, Скопје. стр 29.</ref> Во решавачката битка, лесната хунска коњаница имала очигледна предност над готската пешадија и им нанела на Готите тежок пораз. Кралот Ерманарих, не можејќинеможејќи да го поднесе поразот, се самоубил, сојузот се распаднал, а поголемиот дел од Остроготите продолжиле заедно со Хуните да се движат кон запад и да ги остваруваат нивните интереси.
== Кралството на Остроготите ==
По распаѓањето на хунскиот племенски сојуз со [[Битката кај Недао]] во 454 година, Остроготите во [[Панонија]] се ослободиле од власта на Хуните и, откако излегле од сојузот со [[Гепиди]]те, станале федерати на [[Византија|Источното Римско Царство]]. Остроготските воени одреди биле користени како наемници во византиската армија. Кон крајот на 5-от век на чело на Остроготите застанал [[Теодорих Велики|Теодорих]] од познатиот род Амал. Тој бил воспитуван во [[Константинопол]], каде што извесно време престојувал како дипломатски заложник. На дворот на императорот [[Зенон (владетел)|Зенон]] (474-491) заземал висока положба, а добил и патрицијска и конзулска титула. Тоа не му пречело неколкупати да се крева против Императорот и да го загрозува главниот град на [[Византија]]. За да ги упати Остроготите подалеку од престолнината Зенон го упатил Теодорих во [[Италија]], наложувајќи му да ја ликвидира власта на Одоакар.[[Слика: Ostrogothic_Kingdom.png|мини|300п|Остроготското кралство]]