Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Владеење на компанијта во Индија: Правописна исправка, replaced: Индиски потконтинент → Индиски Потконтинент
с →‎Суетскиот Канал и неговите понатамошни поделби: Правописна исправка, replaced: неможе → не може
Ред 180:
Во 1956 година, Насер еднострано го национализирал Суетскиот Канал. Реакцијата на британскиот премиер Ентони Еден била да се направи заговор помеѓу Британија и Франција и да се исценира израелски напад врз Египет, при што Британија и Франција ќе имаат изговор воено да реагираат и ќе го преземат каналот. Еден го разлутил неговиот американски колега претседатлот Двајт Д. Ајзенхауер, бидејќи не се консултирал со него, и Ајзенхауер одбил да ја поддржи инвазијата. Ајзенхауер исто така го загрижувала можноста за војна со Советскиот Сојуз откако Никита Хрушчов се заканил дека ќе интервенира во Египет и ќе биде против британците. Ајзенхауер ја искористил и финансиската моќ со заканување дека ќе ги продаде сите американски резерви од британската Фунта и со тоа ќе предизвика пад на британската валута. На почетокот инвазијата била успешна во целта да се заземе Суетскиот Канал. Интервенцијата на Обединетите Нации и притисокот од страна на Соединетите Држави ја присилиле Британија на понижувачко повлекување по кое Еден си дал оставка.
 
Суетските кризи јавно покажале дека силата на Британија е ограничена и го потврдиле британското опаѓање на светско ниво, од што јасно се гледало дека Британија неможене може веќе да преземе икакви дејства без делумна или целосна поддршка од страна на Соединетите Држави. Настаните кај Суетскиот Канал ја раниле британската национална гордост, што било причина еден пратеник да ја опише таа ситуација како британското Ватерло (вистинско фијаско), а друг сметал дека земјата се претворила во американски сателит. Маргарет Тачер подоцна, она што го снашло политичкиот систем го опишува како Суетски Синдром од кој Британија не се опоравила сè до 1982 година кога таа успешно ги освоила Фолкландските Острови кои дотогаш биле во сопственост на Аргентина.
 
Иако суетските кризи предизвикале да се намали моќта на Британија, сепак таа не се распаднала. Британија наскоро ги распоредила своите вооружени сили во областа на Оман каде што тие интервенирале во 1957 година, Јордан (1958 година) и Кувајт (1961 година), сега со американско одобрение, бидејќи надворешната политика на новиот премиер Харолд Махмилан била да ги одржи блиските врски со Соединетите Држави. Британија била присутна на Блискиот Исток уште една деценија, и во 1967 година се повлекла од Аден, а во 1971 година се повлекла од Бахраин...