Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Doboli (разговор | придонеси)
с Печатна грешка
Ред 25:
'''Александар III Македонски''' или „'''Александар Велики'''“ ([[Пела]], [[20 јули|20]]/[[21 јули]] [[356 п.н.е.|356]] – [[Вавилон]], [[10 јуни|10]]/[[11 јуни]] [[323 п.н.е.|323 пр. н.е.]]) — [[Антички Македонци|македонски]] крал од династијата [[Аргеади]], син на [[Филип II Македонски]] и [[Олимпија]], ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. [[Римјани]]те му го дале прекарот ''Magnus'', „великиот освојувач на светот“.
 
Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од [[филозоф]]от [[Аристотел]] во неговото училиште во тогашниот град [[Миеза]] наречено [[Миески нимфеј]], западно од денешното село [[Копаново]], [[Негушко]]. Неговото образование ги опфаќало: [[поезија]]та, [[астрономија]]та, [[геометрија]]та, [[реторика]]та, натпреварите во [[Гимнастика|гимнастички]] вежби, јавањето и [[лов]]от. На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над [[Античка Македонија|Македонија]], додека тој билабил во поход против [[Византион]]. Првиот поход на Александар бил против [[Мајди]]те, [[племе]] во горниот тек реката [[Стримон]], кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната [[Битка кај Херонеја (338 пр. н.е.)|битка кај Хајронеја]], заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на [[Грци|Хелените]] биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на [[Македонија]]. Како македонски [[крал]], неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлал македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат [[Корински договор|Коринскиот договор]], според кој тој ја наследува титулата ''Хегемон на Хелените''. Во [[335 п.н.е.]], ги поразил [[Трибали]]те и нивните сојузници [[Гети]]те и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од [[Демостен]], со центар во [[Теба]]. Александар ги поразил [[Теба (Грција)|Тебанците]] и ја принудил [[Атина]] да го прифати понудениот мировен договор.
 
Во [[334 п.н.е.]], со 40.000 војници го започнал својот против [[Персија]] и навлегол во [[Мала Азија]] преку Хелеспонт, кај Сест. Првиот судир со персиската војска се случил кај реката Граник на Пропонтида. По победата, Александар продолжил со својот пробив. Градот Сард се предал без борба, а во градовите во Ајолида и Јонија, меѓу кој бил и [[Ефес]], го пречекале како ослободители. Единствено [[Милет]] и Халикарнас се спротиставиле. По овие освојувања ја поделил војската на два дела, едниот дел на чело со Парменион заминал во Сард каде што требало да презими, а другиот дел тргнал во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини. Во [[333 п.н.е.]], во Гордион, престолнината на [[Бриги|фригиските]] кралеви (Гордиј и Мида), се собрала целата војска. Тука, според една легенда, Александар го пресекол со меч неразврзливиот гордиев јазол, со што го исполнува пророштвото дека ќе загосподари со [[Азија]]. Во освоените територии најчесто го задржувал постојниот административен систем: сатрапиите – основни административни единици на чело со сатрапи, а најчесто [[Персијци]]те, ја имале цивилната и воената власт, освен во [[Лидија]], каде што бил поставен Македонец. Финансиската власт ја раководеле Македонци, а македонската војска ја контролира освоената територија.