Шталковица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историja: Правописна исправка, replaced: три пати → трипати
с →‎Историja: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Ред 28:
Ако одиме наназад во историјата ќе забележиме и ќе го потврдиме она дека Шталковица е една од најстарите населби во Злетовската област. Во околината на селото се сочувани траги од поранешни населби, и тоа во месностите непосредно до селото: Каралуково, Градиште и Стариград. На тие месности се откриени темели од стари згради, кастели, фрагменти од старовремска керамика. По народното предение селиштето Каралуково запустело поради подметнување на убиен Турчин во бунар, од страна на Турците од соседното село Турско Рудари, така да селаните поради крвнината и одмаздата се иселуваат. Меѓутоа, од историските документи гледаме дека Каралуково е едно од групата села кои сè до темел уништени и раселени за време на Татарска наезда на овој крај, зимата 1689/1690 година.
 
Во месноста Селиште (2 км. југоистично од Шталковица),на пример, на една заравнина се откриени темели од пообена зграда, темели од дебел ѕид,остатоци од одбранбен бедем од времето на Римјаните. Недалеку од Селиште е месноста Градиште, купесто ридче, при што се сочувани темели од одбранбен бедем кој го обиколувал врвот, ѕидан од камење и старовремески тули и малтер. Таму се откопани, по кажувања на селаните и неколку големи питоси. Исто така, во месноста Стар Град,северозападно од селото, во суштина стрм планински огранок над Злетовска река се откриени сочувани остатоци од стара твдрина. Од турските документи од XVI век гледаме како појавуваат две села Шталковица, едното е во Штипската а другото во Кратовската нахија, иако се работа за исто село: Шталковица.Меѓу другото, во 1573 година. е запишано како Царски хас, сега населено (28 домаќинства и 16 неженети), а претходно било запишано како мезра - ненаселено. чигледно е дека поради репресаалите од Турците населението често патичестопати го менувале своето место на живеење.
 
Инаку,од турските пописни книги (дефтери) кои се однесуваат за Кратовската нахија, на пример, може да се види историјата и развојот на селото.Така, во 1519 година во Шталковица имало 28 семејства и 1 вдовица. Во 1530 година 27 домаќинства, а во 1550 г. 5 домаќинства повеќе (32), 8 неженети лица и две вдовици.Додека пак во пописот од 1570 година, има извесно намалување на населението,28 домаќинства. Меѓутоа, интересно е што се појавуваат релативно голем број на неженети лица 18 и две вдовици.