Свети Трифун: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Житие: Правописна исправка, replaced: кои што → коишто using AWB
с →‎Житие: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати
Ред 26:
 
==Житие==
Св. Трифун е роден околу [[225]] година, во селото Комсада, во римската провинција [[Фригија]], во [[Мала Азија]]. Родителите му биле христијани, така што и тој бил воспитуван во согласност со христијанската вера.<ref name="XXI 2017">„Заштитникот на лозарите ја најавува пролетта“, ''Дневник'', година XXI, број 6289, вторник, 14 февруари 2017, стр. 24.</ref> Според христијанските верувања, уште од раното детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на дар на чудотворство. Тој, на изненадување на своите современици, имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед. Меѓу многубројните негови чуда коишто ги вршел, се споменува и исцелувањето на ќерката на [[Римски цар|римскиот цар]] [[Гордијан]]. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но, се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи. При страшните настапи на болеста, таа многу патимногупати сакала да се фрли во [[оган]] или во [[вода]]. Ниеден лекар не можел да ја излечи, а на девојката ѝ било откриено дека единствено може да ја излечи „детето Трифун“, кое тогаш имало 17 години.<ref name="XXI 2017"/><ref name="„Охридски пролог, стр. 44">„Охридски пролог“, стр. 44.</ref>
<br />
Дознавајќи за необичната моќ на фригиското момче Трифун, царот го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги, по долго барање во [[Фригија]], го нашле момчето покрај езеро како чува [[Гусковидни|гуски]]. Затоа, тој често на [[Икона|иконите]] се слика опкружен со гуски. Тогаш, тие го повеле во [[Рим]] и тој веднаш ја излекувал. По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство, туку веднаш го разделил на [[Сиромаштија|сиромашните]], и самиот живеел скромно во своето родно место. Но, по [[смрт]]та на [[цар]]от [[Гордијан]], кој бил трпелив спрема [[христијани]]те, во [[249]] година на власт дошол крволочниот цар [[Дециј Трајан]], кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат, ги фаќале, ги мачеле и убивале.<ref name="„Охридски пролог, стр. 44"/>