Привремена руска влада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на датумски формат, replaced: март, 1 → март 1
с →‎Законодавната политика и проблеми: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Ред 51:
По [[Февруарската револуција]], абдикацијата на царот [[Николај II]], и формирањето на комплетно нова руска држава, политичкиот спектар бил драматично променет. Уставната демократска партија која била составена претежно од либерални интелектуалци се трансформирала од опозициска партија во владејачка, како дел од новата влада, која требала да го замени царскиот режим. Многу бргу по овој настан следувала брза политизација на народната маса.
 
Голем дел од урбаните работници на почетокот ги подржувале социјалистичките меншевици, додека пак еден мал дел ги подржувале и радикалните [[болшевици]]. [[Меншевици]]те често патичестопати ги подржувале акциите на Привремената влада и се верува дека главна причина на оваа поддршка била идниот чекор кон воспоставувањето на комунизмот. Од друга страна пак, болшевиците насилно се спротиставувале на Привремената влада и барале брза транзиција кон комунизмот. Во селските реони, голем дел од населението ја подржувале Социјалистичката револуционерна партија која се залагала за форма на аграрен социјализам и земјишна политика што селаните во голема мера го подржиле. Кадетите пак биле главно конзервативна партија.
 
И покрај краткото владеење на привремента влада и нејзините недостатоци, таа донела многу прогресивно законодателство. Законите кои биле донесени во тоа време биле запаметени како едни од најлибералните закони во Европа во тоа време. Во тоа време се создала независноста на црквата од државата, предавајќи акцент на руралното самоуправување, како и афирмација на основните граѓански права како што се слободата на говорот, печатот и слично, потоа укинување на смртната казна и економска прераспределба во селата. Во исто време Полска добила независност, а Литванија и Украина добиле поголема автономија<ref>W. E. Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” Soviet Studies 15 (1964): 411-412</ref>.