Полуспроводник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{main| → {{Главна| (4)
с →‎Постапки за добивање на полуспроводни материјали: Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати
Ред 207:
При зонското топење, цилиндрично парче од полуспроводничкиот материјал се става во графитно садче. Намотка со високофреквентна струја полека се движи така што го опфаќа садот заедно со полуспроводникот. Во полуспроводникот се индуцираат Фукоови струи кои предизвикуваат локално топење на полуспроводникот.
При придвижувањето, растопената зона ги повлекува нечистотиите од полуспроводникот, бидејќи во стопениот дел тие полесно се раствораат. Стврднатиот дел на тој начин се пречистува, а нечистотиите се однесуваат на крајот од шипката
од материјалот, од каде се отстрануваат со отсекување. Постапката треба да се изврши во контролирана атмосфера за да се одбегне загадување кое би дошло од атмосферата. Со едно поминување на грејачот преку полуспроводникот концентрацијата на нечистотии само се намалува, а не се отстранува докрај. Затоа, потребно е постапката да се повтори повеќе патиповеќепати. Обично тоа се извршува на тој начин, што високофреквентниот грејач има повеќе групи навивки на извесно растојание, па истовремено постојат повеќе стопени зони.
 
Откако се постигне потребната хемиска чистота, потребно е да се обезбеди и потребната кристална совршеност, односно да се добие полуспроводникот во вид на големо парче монокристал.