Петар Кропоткин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Хронологија на животот на Кропоткин: Јазична исправка, replaced: егзекуции → погубувања
с →‎Хронологија на животот на Кропоткин: Правописна исправка, replaced: Често пати → Честопати
Ред 88:
'''1873:''' Петар покажа на Кругот дека грешат за него, со неговата работа во комитетот „Книжно дело“. Овој комитет беше формиран за промена на типот на социјалистичка литература достапна до селаните. До тоа време само интелектуалните пристапи беа заземани. Кругот на Чајковски почувствува дека овој тип на литература нема да ги охрабри селаните да се побунат. Наместо тоа, на нив им беше потреба литература во која им успешни примери на револти на масите. Самото пишување на овие памфлети мора да биде екстремно едноставно, поради недостигот на образование помеѓу работничката класа. Овие памфлети беа добро примени од селаните и евентуално власта ги прогласи за „екстремно опасни“ и ги забрани. Петар имаше одговорност за пишување на овие памфлети, но тој имаше и големо влијание врз развојот на комитетот.
До летото Петар беше вклучен и во други проекти во Кругот. Сепак, кога тој продаде дел од имотот, тој одби да даде пари на Кругот, акт што разлути многумина. Постоеше и понатамошна тензија за прашањата околу тоа дали Кругот треба да заземе страна помеѓу борбата за моќ на Бакунин и Лавров. Петар сметаше дека заземањето на страната со Лавров (како што многумина од кругот сакаа) би било негација на досегашниот нивни напредок во сеењето на семето на револтот на работниците.
Петар стана многу инволвиран со самите работници преку активностите на „Работно дело“во кругот. Вклучувањето во овој комитет бараше од Петар да држи предавања на работничките групи. Често патиЧестопати тој ќе се облече како селанец наречен Бородин со цел да ја избегне полицијата како и да воспостави подобри односи со селаните (неговиот најголем аудиториум). Поради сето тоа и неговата изложеност на работничката класа претходно, Петар имаше многу поголем успех одошто другите предавачи. Тој многу уживаше да биде директно инволвиран со работниците и забележуваше каков впечаток имаа неговите зборови над нив. Тие се надеваа дека тие предавања евентуално ќе им овозможат на работниците да се обединат и да го отфрлат постојниот систем на владеење.
 
'''1874:''' Пред да ги комплетираат нивните цели, Кругот на Чајковски имаше заостанување. Во Март, на еден апартман на еден нивен студент, му беше извршена рација од страна на полицијата. Таму полицијата пронајде копии од револуционерниот манифест чиј автор беше П. А. Кропоткин. И покрај тоа што овој манифест беше првата политичка изјава на Петар, полицијата заклучи дека тој е лидер на целото „Движење во народот“. Кога Кропоткин дозна за ова откритие, тој веднаш започна да прави планови како да ја напушти земјата. Сепак, пред да замине, Петар сакаше да презентира труд на Географското друштво. Тој се спакувал, за да може да тргне веднаш по завршувањето на презентацијата. Трудот беше прифатен и изгледаше дека Петар ќе замине веднаш. Како што влезе во таксито, тој беше пресретнат со друго такси полно со работници. Петар помисли дека работниците избегнале апсење од полицијата и тој веднаш излезе со цел да им помогне и да разговара. Но штом излезе од таксито, од кај работниците се појавија полицајци и го уапсија Петар, не како принцот Петар Кропоткин, туку како Бородин, селанец, анархист.