Пабло Неруда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
с →‎top: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 19:
Неруда е поетот кој ќе чита пред најмногубројна публика и тоа на двапати. На [[15 јули]] [[1945]] година на стадионот ''Пекамбу'' во [[Сао Паоло]], [[Бразил]], тој чита пред 100,000 луѓе песни во чест на [[комунизам|комунистичкиот]] водач и револуционер [[Луис Карлос Престес]].<ref>[http://www.neruda.uchile.cl/cronologia/cronologia6.htm Неруда - животот на поетот - хронологија (1944–1953)], Fundación Neruda, Чилеански Универзитет.</ref> Откако ја прима [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] за [[литература]], на покана од претседателот [[Салвадор Аљенде]], Неруда рецитира делови од својата поезија на ''Estadio Nacional'' пред повеќе од 70,000 луѓе.
 
Во текот на својот живот, Неруда е неколку патинеколкупати на видни дипломатски позиции, а кратко време е и секретар на Чилеанската Комунистичка Партија. Кога конзервативниот чилеански претседател [[Габриел Гонзалез Видела]] ќе спроведе терор врз комунистите во Чиле, издаден е налог за апсење на Неруда. Неговите пријатели со месеци го кријат во подрумот на една куќа во пристанишниот град [[Валпараисо]]. Преку планина, во близина на [[езеро]]то [[Маихуе]], Неруда успева да избега во [[Аргентина]]. Подоцна, Неруда ќе биде близок соработник на социјалистичкиот претседател [[Салвадор Аљенде]].
 
Хоспитализиран е со [[рак (болест)|рак]] во времето на ''државниот удар'' кој го предводи [[Августо Пиноче]] и во текот на кој неговиот близок пријател Аљенде ќе го изгуби живоот. Неруда умира од инфаркт дванаесет дена подоцна. Веќе легенда во текот на својот живот, по смртта Неруда ќе стане вистинска митска личност - неговиот погреб ќе прозвучи насекаде низ светот. Имено, по наредба на Пиноче погребот на Неруда не смеел да стане јавен настан, но илјадници чилеанци, со солзи во очите, и покрај смртните закани, ги преплавуваат улиците во чест на големиот поет. Со тоа, погребот на Неруда се претвора во прв голем јавен протест против новововедената [[диктатура]].