Насочување (информатика): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎top: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати
Ред 6:
Насочувањето се разликува од премостувањето (''bridging''). Во големите мрежи неопходно е присуство на насочувачи. Во помалите мрежи може и рачно да се ажурираат насочувачките табели, но кај поголемите мрежи кои се со доста комплексна [[мрежна топологија]] која исто така и доста често се менува, рачната поднова на насочувачките табели е практично невозможно.

'''Насочување''' - Во пакетски комутирана мрежа насочувањето е процес на избор на пат (патека) преку кој ќе се праќаат пакетите, а насочувач е сметач кој го врши тој избор на пат за пакетите.

Насочување се врши со помош на т.н [[насочувачки табели]] (''table-driven routing''). Притоа, најчесто применуваниот начин на насочување е насочување делница по делница (''next-hop routing''), бидејќи ваквиот тип на насочување бара записи во насочувачките табели само за посредниците на насочувачите кои се поврзани директно со разгледуваниот домаќин или насочувач преку IP-мрежа. Притоа, во секоја насочувачка табела може да има:

* Основни патеки (''default routes'')

* Патеки специфични за одредена мрежа или домаќин.

Множество од правилата според кои се пополнуваат насочувачките табели и се разменуваат информациите меѓу мрежните јазли (насочувачи) се нарекуваат IP-насочувачки алгоритам. Постојат различни алгоритми за насочување, при што за даден алгоритам за насочување може да бидат креирани и повеќе различни протоколи за насочување (со различни карактеристики).

Насочувачките табели обично содржат информации само за одредишните мрежни адреси, но не и за одредишните домаќински адреси, бидејќи бројот на мрежи е многу патимногупати помал од бројот на домаќини на [[интернет]]. Во спротивно, насочувачките табели би биле премногу големи. Меѓутоа, можно е да се постават патеки и за [[IP-адреса]] на домаќин, што се применува во случаи кога се сака да се дозволи на конкретен домаќин да има пристап до некои ресурси (на пример, администратор на мрежата), или да се забрани на некој домаќин да има пристап до мрежата (на пример, злонамерен домаќин).

IP-адресата на следниот скок се користи само за да се одреди физичката адреса, по што насочувачот образува рамка со таа физичка адреса и во товарот на таа рамка го сместува IP-податограмот.
За дојдовните податограми (''datagrams'') (упатени кон даден домаќин) важи:

* Ако до домаќинот дојде податограм, тогаш тој ја проверува со IP-програмот одредишната адреса и ја споредува со сите свои IP-адреси – ако постои таква IP-адреса на некој од посредниците на домаќинот, тогаш пакетот се обработува во складот на IP-протоколот.
* Еден домаќин може да има и повеќе IP-адреси, односно даден домаќин има онолку IP-адреси колку што има физички мрежни посредници кон интернет (на пример, една или повеќе мрежни картички, модем, [[WiFi]]-картичка и сл.).

== Поврзано ==