Милениумски развојни цели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Помош за целта од 0,7%: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎Дебата за Милениумските развојни цели: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Ред 174:
Негативните страни на Милениумските развојни цели вклучуваат недостаток од аналитичка моќ и оправдувања за одбраните цели. Милениумските развојни цели ги изоставаат важните идеали како што се недостаток на силни цели и индикатори за еднаквост што многу научници го сметаат тоа за нивна голема мана поради разликите на напредокот кон намалување на сиромаштијата помеѓу различни групи кај народите. Милениумските развојни цели, исто така, имаат недостиг од фокус врз локалното учество и овластување (исклучувајќи ги овластувањата на жените) како и врз одржливоста којашто ја доведува нивната иднина по 2015 година во прашање. Споед тоа, додека Милениумските развојни цели се алатка за постигнување напредок во намалувањето на сиромаштијата и го обезбедуваат политичкиот патоказ за постигнување на овие цели, тие не ги опфаќаат сите потребни елементи за постигнување на идеалите изнесени во Милениумската декларација. Друга критика за Милениумските развојни цели е тешкотијата или недостигот од мерки за некои од целите. Амир Атаран, вонреден професор и истражувач во областа на правото, здравјето на населението и глобалната развојна политика при Универзитетот во Отава, смета дека е практично невозможно да се измерат целите поврзани со морталитетот кај мајките, маларијата и туберколозата и дека моменталната проценка на ОН нема научна важност или пак таа воопшто не постои. ОН често вржат истражувања на домаќинствата за проценка на податоци за Милениумски развојни цели поврзани со здравјето на луѓето. Но, се смета дека овие анкети даваат мали и некорисни мерки за податоците коишто тие се обидуваат да ги добијат. Покрај тоа, и многу други организации вршат непотребни истражувања со коишто само ги истрошуваат ограничените материјали. Исто така, земјите со највисок степен на смртност кај мајките, маларија и туберколоза често имаат најмалку доверливи податоци. Атаран смета дека без прецизни мерки за податоците од минатото и сегашните податоци за Милениумските развојни цели поврзани со здравјето на луѓето е невозможно да се одреди дали е постигнат напредок во однос на овие цели, гледајќи ги Милениумските развојни цели како нешто повеќе од реторички повик за вооружување.
 
Поборниците за Милениумските развојни цели сметаат дека е тешко да се измерат некои цели, но сепак постои валидност во поставувањето на целите како што е поставувањето на политичка и оперативна рамка за постигнување на целите.Тие, исто така, сметаат дека мерењето на Милениумските развојни цели коишто не се поврзани со здравјето на луѓето често патичестопати е одлично и затоа тие велат дека не е во ред сите Милениумски развојни цели да се осудат на неуспех само поради недостиг од податоци. За потешкотијата да се измерат целите, тие сметаат дека треба да се идентификуваат најдобрите практики, а тврдат и дека нивната импликација е мерлива како и нивните позитивни ефекти врз напредокот. Со зголемување на квантитетот и квалитетот на здравствените системи кај земјите во развој ќе се собираат повеќе податоци а, исто така, ќе се постигне и поголем напредок. На крај, Милениумските развојни цели ќе го насочат вниманието кон мерките на благосостојбата надвор од приходите што ќе придонесе финансирање за постигнување на овие цели.
 
Се смета дека Милениумските развојни цели ќе го потпомогнат и човековиот развој преку негово мерење коешто нема да бидат само врз основа на приходот туку ќе се даде предност на интервенциите, воспоставување на цели со операционализирани мерки за напредок (иако тешко е да се постигне напредок со оглед на потребните податоци за негово мерење) како и зголемено учество на развиените земји во намалувањето на сиромаштијата низ светот. Мерењето на човековиот развој во склоп на Милениумските развојни цели оди надвор од приходите и се насочува кон здравјето и образованието вклучувајќи ги половите и репродуктивните права, одржливоста на животната средина и ширење на технологијата. Давањето приоритет на интервенциите им помага на земјите во развој со ограничени ресурси да донесуваат одлуки за тоа каде да ги распределуваат ресурсите и преку кои јавни политики. Милениумските развојни цели, исто така, ја зајакнуваат и заложбата на развиените земји да им помогнат на земјите во развој како и да ја поттикнат финансиската помош на размена на информации. Заедничката одговорност на земјите во развој и на развиените земји за постигнување на овие цели ја зголемува веројатноста за нивниот успех којашто е зајакната со поддршката на 189 земји (Милениумските развојни цели се најшироко прифатени цели за намалување на сиромаштијата коишто некогаш биле поставени во светот).