Марјанчо Бошковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: flagicon → знамеикона (2)
с →‎Учество во војната 2001 година: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати (2)
Ред 30:
=== Учество во војната 2001 година ===
 
Бошковски бил гардист во [[АРМ]]. Подоцна неколку патинеколкупати бил земан на вежба. Последен пат е мобилизиран на 19 март 2001 година. Оттогаш до денот на загинувањето, 10 август, со мошне куси прекини, постојано бил по рововите на [[Скопска Црна Гора]]. Поради лоша координираност и евиденција, во времето додека бил мобилизиран од АРМ, го барала и полицијата. Луѓето од полициската станица „[[Бит-пазар]]“ телефонски го барале неколку патинеколкупати. Мајка му или сестра му одговарале дека Марјан одамна е мобилизиран во АРМ. По едно навраќање дома, мајка му кажувала на Марјанчо за настанот. Тој пак се насмеал и само одговорил:''Не е битно. Можеби некои момчиња се кријат, но ако сите се криеме, кој ќе ја брани татковината? Не се грижете, ќе поминам во станицата и ќе се разбереме.'' Во текот на [[Воен конфликт во Македонија, 2001|војната 2001 година]], Бошковски на секого од другарите од рововите барем еднап му го спасил животот. Во врска со јулскиот земјотрес во [[Кумановско]], соборците велат дека не биле точни радио информациите дека имало посилен земјотрес. Тој ден биле во близина на [[Матејче]]. Марјанчо тогаш открил огромен склад за оружје и муниција. Отиде сам и го крена складот во воздух. Долго потоа земјата се тресеше и одекнуваа подземни детонации. Кога се враќале на позициите, претпоставените веќе знаеја кој го сторил тоа, и од милост, Марјанчо го прекрстија во „Рамбо“.
 
На 8 август 2001 година требаше да се раздолжи и да се врати дома. Веќе му беше подготвено решението за редовен работен однос во [[АРМ]]. Бидејќи не беше дојдена комплетната смена, Марјанчо и неговите соборци остануваат уште два дена, до кобниот 10 август, каде што ќе загине кај Љуботенски Бачила. На враќање од позициите, камиончето застанало пред чешмата, се напиле вода и наполниле шишиња. Потоа, само што тргнале, експлозијата го разнела возилото. Десетина, петнаесет метри од патот, имало терористичка заседна со пет до шест вооружени терористи. Тие ги активирале експлозивите, а и припукувале на камиончето. Тогаш од позициите повисоко на планината дотрчал војник пукајќи со автомат да ги заштити настраданите. Терористите се разбегале и немале можност да ги дотепуваат настраданите. Марјанчо починал на патот кон болницата. Хеликоптерот задоцнил со интервенција. Велат, барем двајца - тројца можеле да се спасат да дошол порано. Марјанчо имаше четири рани на левата страна кај рбетот. Левото око му беше затворено, потечено и крваво. Во текот на транспортот, Марјанчо имал кус дијалог со лекарот што бил во екипата за извлекување на ранетите и убиените. ''Докторе, однесете ме дома'', му рекол на лекарот. ''Стрпи се уште малку и се ке биде во ред'' му одговорил лекарот. Марјанчо пак, му вели: