Клонирање: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Клонирање луѓе: Правописна исправка, replaced: сé → сè
с →‎Хонолулу техника: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 25:
Оваа техника го носи ова име во чест на [[Рослинскиот институт]] во [[Шкотска]]. Создавање на клон од возрасно животно се прави поинаков начин, со помош на [[нуклеарна трансфузија]]. При овој процес донор – клетка се вметнува во јајце клетка. Предходно јадрото на јајце клетката е отстрането. Потоа во донор – клетката се додава материја која го забрзува клеточниот развиток. Донор – клетката потоа на вештачки пат се става во G0 фаза, мировна фаза на клетките, при што не настанува клеточно делење. Јајце клетката и донор – клетката се спојуваат поради додадените материи кои се залепени за [[клеточна мембрана|клеточните мембрани]]. Потоа клетките се пренесуваат во електрично поле и со мал електричен шок се оштетуваат мембраните таму каде што се судираат. Со обновување на клеточните мембрани, тие се спојуваат при што настанува една клетка. Исто така, со електричниот шок клетката излегува од мировната фаза и се активира за делба.
=== Хонолулу техника ===
Освен Рослин техниката за клонирање на клетки на возрасни животни, постои и Хонолулу техниката. При процесот на клонирање се пресади јадрото на една клетка во друга јајце клетка со предходно отстрането јадро. Со Хонолулу техниката за првпат научници успеале да клонираат [[глувци]], кои многу потешко се клонираат во споредба со овци поради тоа што при спојување на клетките тие одма почнуваат со делба, додека кај овци клеточната делба почнува дури со електричниот шок. Откако јадрото на донор - клетката ќе биде вметнато во јајце клетката, потребни се околу триесет минути за да јајце клетката го прифати новото јадро. По четири часа споените клетки се ставаат во хемиска смеса која го стопира создавањето на поларните тела. Поларните тела се клетките – ќерки на јајце клетката во кои се наоѓаат половината на [[хромозоми]]те на јајце клетката, за да другата половина на хромозоми јајце клетката ги прими од [[сперма]]та. При клонирање мора да се стопира создавањето на поларните тела бидејќи во тој процес нема присуство на сперма и поради тоа што клетката би ги примила половината од хромозомите. По ова, споените клетки се делат неколку патинеколкупати. Тогаш настанува ембрион кој може да биде вметнат во [[матка]]та на било кој глушец.
 
== Разлики помеѓу два исти клона ==