Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додадени нови поднаслови кон насловот Учење
с Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати (2)
Ред 128:
Конечно во 1859 година, Маркс ја објавил својата книга „Прилог кон критиката на политичката економија“, неговото прво сериозно економско дело. Ова дело било наменето само како преглед на неговото четиритомно дело ''Das Kapital'' (Капитал: Критика на политичката економија), чии томови тој имал намера да ги објави подоцна. Во ''Прилог кон критиката на политичката економија'', Маркс ја проширува трудовата теорија на вредност за која се залагал Дејвид Рикардо. Делото било ентузијастично примено, а изданието се распродало брзо.
 
Успешната продажба на „Придонес кон критиката на политичката економија“ го стимулирала Маркс во раните 1860-ти години да го заврши пишувањето на четирите големи тома што би го компонирале неговото најголемо дело на животот – ''Das Kapital'' и ''Теориите за вишок вредност'', во кои се дискутирало за теоретичарите на политичката економија, особено Адам Смит и Дејвид Рикардо. ''Теориите за вишок вредност'' честопати се нарекуваат четвртиот том на ''Das Kapital'' и претставува една од првите сеопфатни трактати за историјата на економската мисла. Во 1867 година, бил објавен првиот том на ''Das Kapital'', дело во кое се анализира капиталистичкиот процес на производство. Тука Маркс ја образложил својата трудова теорија на вредност, врз чиј развој влијаел Томас Хоџкин. Маркс го признал „воодушевувачкото дело“ на Хоџкин, ''Трудот одбранет од тврдењата на капиталот'', повеќе патиповеќепати во ''Das Kapital''. Навистина, Маркс го цитирал Хоџкин дека го препознал отуѓувањето на трудот што се случува под модерното капиталистичко производство: „Повеќе немало природна награда за индивидуалниот труд. Секој работник произведува само дел од една целина, а бидејќи секој дел нема никаква вредност или корисност по себе, нема ништо што работникот може да го презеде и да рече: „Ова е мојот производ, ова ќе си го задржам за себеси.“ Во овој прв том на ''Капиталот'', Маркс го објаснил своето сфаќање на вишокот на вредност и експлоатацијата, за која тој аргументирал дека на крајот ќе доведе до пад на стапката на профит и колапс на индустрискиот капитализам. Побарувачката за издание на руски јазик на ''Капиталот'' наскоро довело до печатење на 3000 примероци од книгата на руски јазик, која била објавена на 27 март 1872 година. До есента 1871 година, целото прво издание на германското издание на ''Капиталот'' било распродадено и било издадено второ издание.
 
Тома II и III од ''Капиталот'' останале само ракописи врз кои Маркс продолжил да работи до крајот на животот. Двата тома биле објавени од Енгелс по смртта на Маркс. Том II на ''Капиталот'' бил подготвен и објавен од Енгелс во јули 1893 година под името ''Капитал II: Процесот на циркулација на капиталот''. Том III од ''Капиталот'' бил објавен една година подоцна во октомври 1894 година под името ''Капитал III: Процесот на капиталистичката продукција како целина''. ''Теориите за вишокот на вредност'' произлегле од обемните ''Економски ракописи од 1861–1863'', втор нацрт на ''Капиталот'', којшто ги опфаќал 30–34 тома од ''Собраните дела на Маркс и Енгелс''. Поточно, ''Теориите за вишокот на вредност'' го опфаќаат последниот дел од триесеттиот том на ''Собраните дела'' до крајот на нивниот триесет и втор том. Во меѓувреме, пообемните ''Економски ракописи од 1861–1863'' почнуваат од почеток на триесеттиот том на ''Собраните дела'' преку првата половина од нивниот триесет и четврти том. Последната половина од триесет и четвртиот том на ''Собраните дела'' се состои од преживеаните фрагменти од ''Економските ракописи од 1863-1864'', што претставуваат трет нацрт на ''Капиталот'', а голем дел од нив е вклучен како додаток на изданието од „Penguin Books“ на првиот том на ''Капиталот''. Скратено издание на германски јазик на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено во 1905 и во 1910 година. Ова скратено издание било преведено на англиски јазик и објавено во 1951 година во Лондон, но комплетното, нескратено издание на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено како „четврт том“ на ''Капиталот'' во 1963 и 1971 година во Москва.
Ред 162:
Според историчарот на Универзитетот Принстон, Џ.И. Зајгел, во доцните тинејџерски години Маркс можеби имал пневмонија или плевритис, чии последици довеле до тоа тој да биде ослободен од воена служба во Прусија. Во подоцнежниот живот додека работел на ''Капиталот'' (што тој никогаш не го завршил), Маркс страдал од три маки. Болеста на црниот дроб, веројатно наследна, била влошена со прекумерна работа, лоша диета и недостаток на сон. Воспалението на очите било предизвикано од премногу работа во текот на ноќта. Третата мака, ерупција на карбункули или чиреви, „веројатно била предизвикана од општата физичка слабост кон којашто придонеле различните одлики на стилот на живот на Маркс - алкохол, тутун, лоша диета и несоница. Енгелс честопати го поттикнувал Маркс да го промени овој опасен режим.“ Во своето писмо до Енгелс, од 22 јуни 1867, Маркс напишал: „Се надевам буржоазијата за целото време ќе мисли за моите чиреви.“
 
Во 2007 година беше направена ретродијагноза на Марксовата кожна болест од страна на дерматологот Сем Шустер од Универзитетот Њукасл и за Шустер најверојатното објаснување било дека Маркс не страдал од проблеми со црниот дроб, туку од hidradenitis suppurativa, периодична инфективна состојба која произлегува од блокада на отворањето на егзокрините жлездени канали коишто се отвораат во фоликулите на влакната. Оваа состојба, која не била опишана во англиската медицинска литература до 1933 година (оттука и не би била позната на лекарите на Маркс), може да предизвика болка во зглобовите (што може погрешно да се дијагностицира како ревматско нарушување) и болна состојба на очите. За да дојде до неговата ретродијагноза, Шустер го земал предвид примарниот материјал: преписката на Маркс објавена во 50 тома од Собраните дела на Маркс и Енгелс. Таму, „иако раните на кожата биле наречени „фурункули“, „чиреви“ и „карбункули“ од страна на Маркс, неговата сопруга и неговите лекари, тие биле премногу упорни, повторливи, деструктивни и локациски ориентирани за оваа дијагноза.“ Местата на постојаните „карбункули“ биле забележани повеќе патиповеќепати во пазувите, препоните, перианалниот дел, гениталиите (пенисот и скротумот) и супра-пубичните региони и внатрешните бедра, „фаворизирани места на hidradenitis suppurativa.“ Професорот Шустер тврди дека дијагнозата „сега може дефинитивно да се oдреди.“
 
Шустер продолжил да ги разгледува потенцијалните психосоцијални ефекти на болеста, истакнувајќи дека кожата е орган на комуникација и дека hidradenitis suppurativa произведува многу психолошка вознемиреност, вклучително и лутина и одвратност и депресија на личниот имиџ, расположение и благосостојба, чувства за коишто Шустер најде „многу докази“ во преписката на Маркс. Професорот Шустер продолжил да се прашува дали менталните ефекти на болеста влијаеле врз работата на Маркс и дури му помогнале да ја развие својата теорија на отуѓување.