Илијада: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: == Надворешни линкови == → == Надворешни врски == using AWB |
с →Кратка содржина: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати |
||
Ред 11:
Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, [[Ајант]] и [[Одисеј]] кај [[Ахил]] и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил [[Патрокле]], најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокле се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.
Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со [[Ехеј]], кого од сигурна смрт го спасил богот [[Посејдон]]. Ахајците биле надмоќни и Пријам наредил Тројанците од бојното поле пред ѕидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот [[Хектор]] останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако
Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несреќниот Пријам, таткото на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на [[Пријам]], Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечениот закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.
|