Изида: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Ред 3:
'''Изида''', '''Изис''' или '''Асет''' е [[божица]] на плодноста и мајчинството од [[Египетска митологија|египетската митологија]]. На египетски Aset или Eset - таа припаѓа на [[Енеада]]та од [[Хелиополис]].
 
Таа е сестра (и жена) на [[Озирис]], [[Нефтида]] и [[Сет (бог)|Сет]]; ќерка на [[Нут]] (Небото) и [[Геб]] (Земјата) како и мајка на детето [[Хор (бог)|Хор]]. Во иконографијата на обожувањето, таа е претстава за [[архетип]] на [[сопруга]] и [[мајка]].
 
Култот кон Изида главно се развивал во два центри: градот Хелиополис и (нилскиот остров) Фила. Обожувањето во Фила било најактивно на крајот од [[4 век п.н.е.]], за време на 30-тата династија.
Ред 9:
Нејзиното име буквално значи [[жена]] на [[престол]], т.е. само „престол“ нешто што е често претставено како [[амблем]] или покривка на глава. Нејзиното име преку [[хиероглифи]]те често се поврзува со светост на историските кралици. Често се прикажува како носи сончев диск и рогови од крава, кои се слични со оние од божицата на љубовта и забавата [[Хатор]]. Често се прикажува и грабливец/лешинар на нејзината круна или пак кралската кобра „Уреj“, која е симбол на [[магија|магиските]] способности (Кундалини).
 
Во митот за [[Озирис]], кој бил убиен и распарчан на делови од неговиот брат [[Сет (бог)|Сет]], таа успева да ги собере сите делови (освен пенисот кој го проголтале крокодилите) од мртвиот сопруг и брат Озирис и да ги спроведе погребните обичаи. Откако Хор пораснал, тој успеал да го порази вујкото Сет и да ја одмазди смртта на татка си Озирис. Оттогаш Хор се смета како првиот владетел на обединетиот Египет. Затоа често патичестопати во прегратките на Изида, наместо Хор се прикажувани фараоните.
 
Во Книгата на мртвите, Изида е спомната како дарителка на живот и храна за мртвите; се појавува и во улога на судија на мртвите. Друга нејзина улога била да го заштити Имсет, еден од [[Четири Хорови синови|четирите сина на Хор]]. За време на [[Птолемаиди]]те (македонските династии во Египет) била почитувана и како заштитничка на морнарите.
 
[[Податотека:Isis Enthroned-Egyptian-650-BCE.jpg|thumb|right|180px|Изида со рогови од крава, сончев диск, седи на лавовски престол и го дои Хор.]]Изида е сметана како голема [[волшебник|волшебничка]] и е позната по употребата на нејзините маѓепснички вештини. Толку била моќна [[магија]]та на Изида, што и самиот [[Анубис]], богот на смртта, се плашел од неа. Како моќна волшебничка, заморена од земските работа, таа стекнала бесмртност откако го измамила богот [[Ра]] (Ре). Имено, таа успеала да му земе дел од неговата плунка и да ја претвори во [[кобра]], која му ја пуштила по патот за да го измачува. Изида му ветила на Ра дека ќе го поштеди од маките доколку и го каже неговото тајно име. Откако го стекнало неговото тајно име таа почнува да изведува најразлични чуда. Затоа луѓето ѝ се молеле да им помогне на болните и оние кои се на умирање. Како божица на лекувањето и породувањето, таа ноќе ги посетувала болните, замавнувала нежно со нејзините крилја и изговарала магиски инкантации за да ги излекува.
 
Нејзиното потекло како [[божица]] не е со сигурност откриено, но се верува дека дошла од делтата на [[Нил]]. За разлика од другите фигури во [[египетска митологија|египетската митологија]], таа немала свој култ. Првото споменување за Изида потекнува од петтата династија, но нејзиното присуство се развива многу подоцна. Со време се проширува низ цел [[Египет]], преку [[среден Исток|средниот Исток]] и [[Европа]]. И денес постојат нејзини [[храм]]ови и [[Статуа|статуи]] на пример во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]], [[Македонија]], [[Грција]] итн.
Ред 34:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Египетски божици]]
[[Категорија:Староегипетски погребни списи]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Изида