Експлозив: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Отстранување на категорија using AWB
с Правописна исправка, replaced: често пати → честопати (2)
Ред 12:
** Бризантните експлозиви хемиски се многу стабилни и разорната моќ им е многу силна. Тие најчесто се користат за воени цели ([[бомби]], [[ракети]], [[гранати]] итн.) или во за стопански (економски) цели - [[рударство]], [[градежништво]] итн. Постојат голем број на вакви експлозиви, а најпознати се: [[динамит]] (нитроглицерин), [[тротил]] (тринитротолуол), нитроцелулоза, динитрогликол и амон -нитрат. Во главно, сите овие експлозиви се произведуваат во вид на прашкеста агрегатна состојба и се користат во вид на патрони.
 
Освен овој облик, постојат и т.н. [[пластични експлозиви]] кои се во облик на желатин, а најпознати се: пентрит, хексоген, тетрил, екразит и октоген. И овие експлозиви хемиски се многу стабилни и разорната моќ им е голема, при што се користат и во воени и во стопански цели. За стопанските цели често патичестопати се прават смеси од различни експлозиви со специфични карактеристики, бидејќи сите досега наведени експлозиви претставуваат чисти хемиски супстанции.
 
== Поим за експлозија ==
Експлозијата претставува брзо и ненадејно избувнување на гасови од одредено подрачје (центар) во останатиот простор придружено со топлина (високи температури), удар и силен звук.
Експлозиите можат да бидат причини за [[пожар]], но многу чести се случаите тие да се одвоени од пожарите и претставуваат специфичен начин на деструкција која е често патичестопати поопасна од пожарот. Имено, брзината на експлозијата е голема, па според тоа и деструкцијата трае релативно кратко време за да можат да се спречат последиците, додека кој пожарот тоа е можно со ефикасна работа на [[противпожарната служба]].
 
Механизмот (процесот) на настанување на експлозијата зависи од видот на експлозивните материи. Според тоа експлозиите може да се поделат на хемиски (брзо претварање на цврста или течна експлозивна супстанција во гас), физички (зголемување на притисокот - односно котел) и нуклеарни ([[фисија]] - цепење на атомот, [[фузија]] - составување на атом). Меѓутоа, експлозиите како последица на [[хемиски реакции]] се сметаат за прави, вистински експлозии, додека експлозиите кои настанале како последица на физички промени (пр. распрскување на садови под притисок) спаѓаат во експлозивни појави.