Драги Џон (филм од 2010 година): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: фебруари → февруари (3) using AWB
с →‎Содржина: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 35:
Во текот на наредните две години, Џон и Савана се допишуваат преку писма. Најпосле, Савана му праќа на Џон [[Драг Џон писмо]], со кое го известува дека таа се верила со некој друг. Џон, длабоко депримиран од веста, ги гори сите писма.
 
Потоа, Џон е застрелан неколку патинеколкупати од непријател и иако е охрабрен да се врати дома, тој повторно се запишува. Во наредните пет години, Џон учествува во многу мисии. Додека чека наредби за наредното ангажирање на неговата единица, Џон е информиран дека неговиот татко добил удар. Кога Џон пристигнува во болницата, докторот го информира дека татко му е во критична состојба. Тој се чувствувал виновно што не бил со него и го прашал докторот дали ситуацијата би била иста доколку тој бил со татко му. Докторот не мисли така и Џон му пишува писмо на татко му, кое му го чита во болницата. Тогаш гледачите дознаваат дека нарацијата на Џон од почетокот на филмот е од ова писмо, во кое тој му кажал на татко му дека првото нешто што му дошло на ум откако бил застрелано биле монети, а последното нешто што му дошло на ум пред да се онесвести бил татко му, кој на крај краишта е најважното нешто во неговиот живот. Набргу потоа, неговиот татко умира.
Тогаш Џон ја посетува Савана. Тој дознава дека таа се омажила со Тим и дека Тим има рак. Савана му кажува дека Тим е во болница и му е потребен експериментален лек кој тие неможат да си го дозволат. Џон го посетува Тим во болницата, каде Тим му се извинува за ситуацијата, но му укажува дека тој е среќен што неговиот син секогаш ќе има некој што ќе се грижи за него. Тим исто така му кажува и дека Савана сè уште го сака. Џон и Савана вечераат заедно таа вечер и Џон се збогува со неа.
Џон ја продава колекцијата од монети на татко му, сепак ја зачувува првата монета што ја пронашле заедно. Тој анонимно ги донира парите од продажбата за финансирање на лекот на Тим. Следната сцена го покажува Џон назад во неговата единица, како ја користи монетата во фрлање парички со неговите војници. Тогаш Џон добива неочекувано писмо од Савана. Таа му пишува за тоа како добила анонимна донација за да му помогне на Тим во неговото лекување, што му дало шанса да се врати дома и да се поздрави со пријателите и семејството пред да умре. Таа му пишува дека секогаш ќе се прашува каде е Џон и како му оди, но го прифаќа фактот дека таа одамна го изгубила правото да го знае тоа.