Дојран: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Личности: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
с →‎Историја на Дојран: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати
Ред 17:
== Историја на Дојран ==
[[Податотека:Dojran.JPG|мини|лево|Дојранско Езеро]]
Во 5 век п.н.е. долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале [[Пајонци]]. Тие живееле на брегот на езерото, во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скелиња кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено чамците со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите ([[Персијци]]те) биле безуспешни. Се женеле по многу патимногупати, а се занимавале со лов, риболов, земјоделство и сточарство. Биле многу добри пливачи и нуркачи. Секој од нив во својата колиба имал отвор кон езерото (на дното на колибниот под) преку кој ловеле риба во изобилство и со неа ги хранеле дури и коњите и говедата. Регионот околу езерото Презијас во тој период територијално припаѓал на Македонската држава чиј крал бил [[Аминта]], па на неговиот син [[Александар I]] по него, па [[Пердика II]] (454 - 413 година п.н.е.) па [[Архелај I]] (418 - 399 година п.н.е.). Во првиот и вториот век п.н.е. за времето на [[Филип II]] и [[Александар Македонски]] и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност [[Топлец]]) на површина од 30 - тина хектари веќе бил распространет антички град - тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското Царство на Западно и Источно чиј центар бил [[Визит]] ([[Цариград]]), [[Тауријан]] станал дел од источното римско царство односно [[Византија]]. Потоа доаѓа времето кога на Балканот се населуваат Словените. На почетокот на деветиот век Тауријан важел за град кој благодарение на местопожбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци кои прецизно ќе го окарактеризираат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX - от век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ. Новиот град добива ново име Полин.
 
[[Податотека:Dojran_ribari.jpg|right||thumb|left|210px|Рибари на езерото]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дојран