Генетско поместување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со тековен назив на предлошка, replaced: Цитирана книга → Наведена книга (3) using AWB
с →‎Аналогија со џамлии во тегла: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
Ред 31:
Процесот на генетски дрифт може да се илустрира со користење на 20 [[џамлија|џамлии]] во тегла кои претставуваат 20 организми во една популација. Половина од нив се црвени, додека половина се сини, при што двете бои соодветствуваат со двете различни генски алели во популацијата. Потомството кое тие го даваат како наредна генерација е претставено во друга тегла. При секоја нова генерација организмите се размножуваат случајно. За да се претстави ова размножување, произволно да одбереме една џамлија од првата тегла и да додадеме нова, со иста боја, како нејзин "родител" во втората тегла. Оваа постапка треба да ја повториме сè додека се соберат 20 нови џамлии во втората тегла. Тогаш втората тегла ќе ја содржи втората генерација на "потомство" - 20 џамлии со различни бои. Освен ако втората тегла содржи точно 10 црвени и 10 сини џамлии, ќе има чисто случајна промена во алелната фреквенција.
 
Да го повториме овој процес неколку патинеколкупати, случајно размножувајќи ја секоја генерација џамлии за да се создаде наредната (новата). Бројот на црвени и сини џамлии избрани во секоја генерација ќе флуктуира: некогаш ќе бидат повеќе црвени, некогаш повеќе сини. Оваа флуктуација е генетскиот дрифт - промена во алелната фреквенција на популацијата, што резултира во случајна варијација во предавањето на алелите од една генерација на друга.
 
Можно е дури и дадена генерација да нема потомство, бидејќи не се избрани џамлии со одредена боја. Така, доколку не се изберат црвени џамлии, теглата која ја претставува новата генерација ќе има само сино потомство. Доколку ова се случи, црвениот алел е изгубен засекогаш од популацијата, додека останатиот син алел станал [[Фиксација (популациона генетика)|фиксиран]]: сите наредни генерации ќе бидат целосно сини. Кај малите популации, фиксацијата за еден опстанат алел може да се случи за време од само неколку генерации. Ако има доволно време, овој исход е речиси неизбежен за популации со било каква големина.