Аеродром Свети Апостол Павле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: често пати → честопати
Ред 43:
Со промоцијата на новата воздушна туристичка линија на релација Белград - Скопје - Охрид, ЈАТ го вклучил охридскиот аеродром во сопствената домашна воздушна мрежа на аеродроми во тогашната југословенска заедница.
 
Во втората половина на 60-тите години, со модернизацијата на флотата на авиониц во ЈАТ и со зголемувањето на физичкиот обем на сообраќајот, често патичестопати било поставувано прашањето за потреба од модернизација и реконструкција на охридскиот аеродром. Активностите околу изнаоѓањето на реални можности за реализација на таквата идеја започнале уште кон крајот на 1965 година, а последната оперативна зона на стариот аеродром се одвивала во летниот период 1967 година. Практично, со почетокот на 1968 година завршува превиот развоен период на охридскиот аеродром. Во периодот од 1968 до 1970 година, согласно техничката документација за изградба на новиот аеродром, прво биле изведувани подготвителните работи околу приспособување на теренот на постојната аеродромска локација, а потоа биле започнати градежни работи врз изградба на нова асфалтно-полетно-слетна патека и другите маневарски површини, пристанишна платформа, пристанишна зграда, контролна кула, гаражи, трафостаница, паркинг простор, технички комплекс, приодни патишта, периметарска ограда и други инфраструктурни објекти. Старата пристанишна зграда била реконструирана, проширена и адаптирана за сместување на административните служби.
 
По завршувањето на градежните работи, целиот аеродромски комплекс зафаќал површина од 640.850 м , од кои 29.350 м во надворешната (земска) страна, а 611.500 м во оградената (воздушна) страна на аеродромот. Асфалтната површина на полетно-слетната патека, спојниците, пристанишната платформа и сервисните патеки изнесувала околу 155.000 м.