Џек Лондон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Додадена категорија using AWB
с Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати, повеќе пати → повеќепати
Ред 5:
 
== Биографија==
Џек Лондон бил напуштен од татко му, Вилијам Хенри Чејни. Бил одгледан во [[Оукленд]] од страна на мајка му Флора Велман, која била учителка и духовник. Бидејќи Флора била болна, Џек во текот на првите години од својот живот бил одгледан од една поранешна робинка, Вирџинија Прентис, која останала да претставува значајна мајчинска фигура како што момчето растело. Кон крајот на [[1876]] година, Флора се омажила со Џон Лондон, делумно онеспособен воен ветеран од [[Американска граѓанска војна|Американската граѓанска војна]]. Семејството се селело неколку патинеколкупати пред да се населат во Оукленд, каде Џек го завршил основното училиште. И покрај тоа што семејството припаѓало на работничката класа, тоа не живеело во толку голема сиромаштија како што забележуваат подоцна сведочењата на Лондон.
 
Биографот Клерис Штац и други веруваат дека таткото на Џек Лондон бил астрологот Вилијам Чејни. Останува непознато дали Велман и Чејни биле законски во брак. Поголемиот број граѓански досиеја од [[Сан Франциско]] биле уништени во земјотресот од [[1906]] година (од истите причини, не се знае со сигурност кое име се јавува во Изводот на раѓање). Штац забележува дека Чејни во своите мемоари се осврнува на мајката на Џек Лондон, Флора Велман, како негова „сопруга“, и исто така наведува еден оглас во кој Флора се нарекла себеси „Флоренс Велман Чејни“.
Ред 44:
 
== Обвинувања за плагијаторство ==
Џек Лондон бил обвинуван за [[плагијат]]орство повеќе патиповеќепати за време на неговата кариера. Тој бил ранлив, не само поради тоа што бил толку забележителен и успешен писател, но исто така и поради неговите методи на работа. Во едно писмо до Елвин Хофман напишал „изразот, знаете – со мене – е многу полесен од пронајдокот“. Тој купувал замки, т.е. сплетки за раскази и романи од младиот Синклер Луис. И ги употребувал случувањата од исечоците на весници како материјал на кој ги базирал своите раскази.
 
Егертон Р. Јанг тврдел дека ''Повикот на дивината'' бил преземен од неговата книга ''Моите кучиња во северните краишта''. Одговорот на Џек Лондон се состоел во признавање дека го имал употребено како извор; тој дури тврди дека му пишал и писмо на Јанг со кое му се заблагодарува за тоа.