Нов завет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
Ред 5:
Првиот дел од Новиот завет го сочинуваат [[евангелие|Евангелијата]]. Првото [[Евангелие според Матеј|евангелие]] е според [[Апостол Матеј (Евангелист)|Матеј]], еден од учениците на [[Исус Христос]]. Евангелието според Матеј е напишано помеѓу 80 и 85 година, a местото на пишување веројатно било [[Палестина]].
 
Второто [[Евангелие според Марко|евангелие]] е според [[Апостол Марко (Евангелист)|Марко]] кој информациите ги добил од [[Свети Петар|апостолот Петар]]. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното [[Евангелие]]. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова [[Евангелие]] е да го претстави [[Исус Христос]] како '''Божји Син''', да ги опише неговите дела, неограничената моќ и чудата. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65 година.
 
Третото [[Евангелие според Лука|евангелие]] е според [[Апостол Лука (Евангелист)|Лука]]. На почетокот, тој пишува дека сите информации од оние кои биле сведоци на [[Исус Христос]] добро ги испитал и по внимателното и опсежно истражување почнал да го пишува Евангелието. Ова [[Евангелие]] подоцна му го упатил на некој си честит Теофил. Лука долго време му бил сопатник на апостолот Павле. По професија, Лука бил лекар и во тоа време многу учен човек, што се гледа и по неговиот начин на изразување. Евангелието според Лука е пишувано помеѓу 80 и 85 година.