Северен Крст: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
 
Ред 1:
[[Податотека:Cygnus IAU.svg|мини|Северниот Крст, обележан со зелено на бела основа.]]
'''Северен Крст''' — [[астеризам]] на северната [[небесна сфера|небесна полутопка]], во потесно соодвество со соѕвездието [[Лебед (соѕвездие)|Лебед]]. Зафаќа многу поголема површина од соѕвездието [[Јужен Крст (соѕвездие)|Јужен Крст]] и се состои од најсјајните ѕвезди на Лебед — [[Денеб]], [[Гама Лебед|Садр]], [[Џена]], [[Делта Лебед|Фаварис]] и [[Албирео]]. „Главата“ на крстот, Денеб, воедно е дел и од астеризмот [[Јужен Триаголник]].
 
Како и Јужниот Триаголник, Северниот Крст е показател за годишните времиња. Околу полноќ крстот се наоѓа право врз набљудувачот на средносеверна [[географска должина]] во текот на летните месеци; може да се забележи [[пролет|напролет]], ако се погледа кон исток во раните утрински часови. [[Есен|Наесен]] крстот се гледа навечер на запад сè до ноември. Никогаш не се спушта под хоризонтот, или над 45° СГШ, туку при најниската точка се допира со северниот хоризонт во места како [[Минеаполис]], [[Монтреал]] и [[Торино]]. Од [[јужна полутопка|јужната полутопка]] се гледа наопачки и ниско на небото во текот на [[зима|зимските]] месеци.