Атила: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 52:
Преговорите за мир кои ги наметнувал Атила траеле три години. Со нив Хуните барале Римјаните да се повлечат 480 км oд Сингудунум и 160 км јужно од Дунав. Во 448 година како пратеник од византискиот двор бил испратен Приск. Тој Атиловата престолнина ја опишал како мало село, со куќи изградени од дрво. Во градот ги опишал и огромните дрвени yидови од штици, комплекси кој служеле за исхрана на хунските војници, а на средина на селото огромно постоље за хунскиот борач. Не му оставил впечаток на Атиловиот двор, каде што Приск се сретнал и разговарал со Атила, и каде ја запознал неговата сопруга која била од скирско потекло. На средбата Приск му предал и многу злато и други драгоцености испратени од Теодосиј во знак на мир.
 
Приск со големо внимание го опишал и дворскиот живот на Хуните. Тие сакале да пеат, да се веселат и секоја вечер приредувале богати вечери. Атила ужива во друштво на робинки и вино. Според зборовите на Приск кај Хуните биле уочливи фазите на премин од варварско во цивилизирано племе. А за тоа рекол сигурно придонел престојот на Атила во Рим, како и тоа што во неговиот двор престојувал галскиот лекар Еудоксиј кој по поразот на Галија преминал на страна на хунитеХуните.
 
== Како водач на Хуните ==
Ред 70:
Кога Атила ја осигура својта позиција према Византија, која купувала мир со Хуните, се сврти на кај Западното Римско Царство.
 
Мислата на Атила да замини со војска на кај Рим, никогаш не го напушти, но тој прво ги нападна нејзините провинции. Во крајот на 450 год ја нападна Галија. Тоа е и времето кога се развивало Бургундското кралство во областа Мајнца со главен град Вормсом на Рајна. Тогаш таму владеел кралот Гунтер кој се наоѓал притиснат во отворен конфликт помеќу неговите ќерки и хунитеХуните. Најзначаен доказ за овие случувања е старогерманскиот еп «Песната за Нибелунзите».
 
После соединувањето на Бургундите, Атила излегол пред западноримскиот цар со јасни намери. Тој барал да се ожени со сестрата на царот Валентинијан III, Хонорија. Интересно е да се објасни како дошло до поврзување на Хонорија и Атила, во 449 година била откриена љубовна врска помеѓу сестрата на царот Валентијан и нејзиниот слуга. После тоа љубовникот бил погубен, а Хонорија највероватно била трудна, таа била изолирана од јавниот живот. Бесна пуштила порака до Атила во која го замолила да биде нејзин витез. Атила тоа го сфатил како брачна понуда и за нејзин мираз побарал половина од Западно Римско Царство. Против особено била мајката на Валентијан, Плацидија која изјавила дека нејзината ќерка никогаш нема да се омажи за варварин. Атила решил спорот да го реши со сила.
 
Единствениот човек што тогаш можел да му се спротистави на Атила бил западноримскиот сатрап [[Флавиј Аециј]]. Тој едно време бил заложник на хунитеХуните и се запознал со хунскиот живот на живеење, нивните обичаји и традиции. Кога Римјаните со замена го вратиле назад, пробал да го симне Валентијан од кралскиот престол, па бил осуден на доживотна затвореништво. Поради опасноста од Хуните тој бил ослободен и повторно застанал на чело на римската војска. Меѓутоа, после победата над Атила Аециј ќе падни како жртва на чиста политика, тој ќе биде обвинет дека повторно подготвувал планови за да го симне царот од власта, па тој ќе биде убиен на улица во 454 година.
 
Во меѓувреме кралот на Салијските Франки умрел и избил конфликт помеѓу неговите два сина за неговото наслество, во кој се помешале и Атила и Аециј, Атила го подржувал постариот син, а Аециј помладиот. Атила ги собрал своите вазали: Гепидите, Остроготите, Тиранжините, Аланите и Бургундите и започнал поход на запад. Во 451 година стигнал до Белгике.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Атила