Планетите во астрологијата: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 161:
 
==Плутон==
[[Image:Hades-et-Cerberus-III.jpg|180px|thumb|left|Хадес и Кербер]]
===Астрономски податоци===
После откритието на [[Нептун]], [[астрономите]] предвидуваа откривање на деветта планета, поради отстапувањето на Нептун од својата орбита. Астрономот [[Ловел]] (кој ги видел каналите на [[Марс]]), извршил пресметки за масата и позицијата на новата планета, но [[Плутон]] е откриен дури во [[1930]] година, 14 години после смртта на Ловел.
 
Неговата средна далечина од Сонцето[[Сонце]]то е 3.660 милиони милји, а периодот на револуција е 248 години. Поради неговата ексцентрична [[орбита]], Плутон влегува во орбитата на Нептун, но нема шанси да се судри со него. Периодот на [[ротација]] е пресметан на 6 дена и 9 часа, што е заклучено од набљудувања на светлината на планетата. Не е веројатно дека има било каква атмосфера, а температурата на површината на планетата е пресметана на околу минус 230°С. Големината на Плутон не е пресметана со сигурност, а проценките варираат од 2000 до 6000 милји за дијаметарот. Масата на Плутон е 1/10 од масата на Земјата, но ни ова не е сигурно.
[[Image:Plutoncharon1.jpg|100px|thumb|right|[[Плутон]] и [[Хирон]].]]
 
Според една теорија, можно е да постои десетта планета зад Плутон, а во [[1978]] година пронајдена е уште една планета, [[Хирон]] голема речиси колку и Плутон, така што Плутон се смета за дупла планета.
 
===Митолошки и астролошки податоци===
[[Плутон (бог)|Плутон]] е богот на подземјето, наречен и [[Хадес]], брат на боговите Јупитер и Нептун. Позната е приказната кога Плутон ја грабнал [[Персефона]], ќерката на божицата на житото, за да биде негова жена во подземјето. Божицата барајќи си ја ќерката, не дозволила ништо да расте на земјата додека не ја најде. Конечно, боговите уредиле девојката да биде вратена кај мајка ѝ, но една третина од годината мора да биде во подземјето. Периодот од годината кога Персефона е во подземјето, за нас е познат како - зима.
 
После откритието на Плутон, во светот се појавува пораст на фанатизмот: употребена е атомската бомба, светот стана зависен од нафтата („црното злато“), која од друга страна ни ги загадува градовите, а [[Фројд]], [[Јунг]] и [[Адлер]] ја започнаа истрагата на [[несвесно]]то.
 
Психолошки, Плутон е поврзан со нашето несвесно, со репродукцијата, но и со трансформацијата: смртта и воскреснувањето. Позицијата на Плутон во [[натална астрологија|наталната карта]] покажува на кое поле е потребна трансформацијата во нашиот живот.
 
Негов метал е [[плутониумот]].
 
Плутон владее со знакот [[Скорпија (хороскопски знак)|Скорпија]].
 
[[Астрологија|Астролошки]] симбол за Плутон е [[Image:Pluto's astrological symbol.svg|22px]].
 
==Користени извори==
*Џон Филби: „Натална астрологија“, ФАС, 1981.
*Алистер Кроули: „Астрологија: студија за Нептун и Уран“, Езотерија.
*Стивен Форест: „Книга за Плутон“, АЦС, 1995.
 
 
{{Западна астрологија}}