Разлика помеѓу преработките на „Планетите во астрологијата“

(+)
 
==Нептун==
[[Image:Angelo Bronzino 048.jpg|thumb|left|200 px|[[Ангело Бронзино]]: [[Нептун]].]]
===Астрономски податоци===
Откако бил пронајден [[Уран]], станало јасно дека не се движи по предвидената патека, бидејќи некоја друга планета ја ремети неговата [[гравитација]]. Масата и позицијата на ова непозната планета била предвидена од Адамс во [[Англија]] и Левериер во [[Франција]], а пресметките на Левериер биле испратени во Берлинската опсерваторија во септември [[1846]] година, каде што на [[23 септември]] [[астрономија|астрономите]] Д`Арест и Гал ја нашле новата планета, за помалку од еден степен од предвидената позиција.
 
[[Нептун]] орбитира околу Сонцето[[Сонце]]то на средна далечина од 2793 милиони милји, еднаш во период од 165 години. Во време на неговото откривање Нептун се наоѓал во соѕвездието Јарец, и нема да се врати таму сè до [[2011]] година. Скорешните мерења велат дека дијаметарот на Нептун е 31.000 милји, а температурата во атмосферата е околу минус 220°С.
 
Нептун има два сателита[[сателит]]а, [[Тритон]] и [[Нереид]]. Тритон е една од поголемите месечини во Сончевиот систем, а го открил [[Ласел]] во [[1846]] година, неколку недели по откривањето на Нептун. Нереид е многу помала месечина, а ја открил Куипер во [[1949]] година.
 
===Митолошки и астролошки податоци===
[[Нептун (бог)|Нептун]] е богот на морето. Интересно е дека во времето кога е откриена планетата [[Нептун]], се распространил интересот за [[окултизам|окултното]], [[спиритуализам|спиритуализмот]] и [[хипноза]]та. Овие интереси денес се распространети низ цел свет.
 
Нептун е поврзан со сè што е невидливо или мистериозно, со сè што не е овоземно, туку со „она од што се направени соништата“. Тоа е функцијата на Нептун, да ги растопи границите меѓу материјалното и нематеријалното. Психолошки ги претставува нашите идеали, фантазијата, и правецот на бегање од стварноста, макар и во дрога, алкохол, уметноста, или религијата.
 
Во [[натална астрологија|наталната карта]] позицијата на Нептун покажува на кој начин сме идеалисти, ги покажува исцелителските моќи на поединецот, уметничките склоности, хуморот, но и подложноста да се биде жртва на измама.
 
Нептун раководи со [[епифиза]]та, жлезда позната и како „трето око“.
 
Негов метал е [[нептуниум]]от, а поврзан е и со сите проѕирни супстанции.
 
Нептун владее со знакот [[Риби (хороскопски знак)|Риби]].
 
Астролошки симбол за Нептун е [[Image:Neptune symbol.svg|22px]].
 
==Плутон==