Базилика на Светото срце (Париз): Разлика помеѓу преработките

црква во Париз
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: Податотека:Le sacre coeur.jpg|мини|Поглед на јужната фасада на Базиликата Сакре-кер на Мон...
(нема разлика)

Преработка од 23:38, 5 септември 2020

Базиликата на Светото срце (на француски: Basilique du Sacré-Cœur) или Сакре-кер е римокатоличка црква и мала базилика во Париз посветена на преданоста кон Пресветото срце на Исус. Таа е популарно обележје и e еден од најпосетуваните споменици во Париз. Градбата е сместена на ридот Монмартр.

Поглед на јужната фасада на Базиликата Сакре-кер на Монмартр

Базиликата е дизајнирана од францускиот архитект Пол Абади. Изградбата била започната во 1875 година и завршила во 1914 година. Осветувањето на базиликата се случило во 1919 година, по завршувањето на Првата светска војна.