Калојан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
| buried =[[Велико Трново]]
|}}
'''Калојан Асен-Ромеоубиец'''<ref>[http://www.promacedonia.org/en/bulgarien1943/zweite.html ''„Kalojan, der Griechentöter"'']</ref> бил [[Список на бугарски владетели|цар на Бугарија]] од [[1197]] до [[1207]] година. Тој е најмалиот брат на основачите на [[Второ Бугарско Царство|Второто Бугарско Царство]], [[Иван Асен I]] и [[Теодор-Петар]].
 
По опсадата на [[Ловеч]] во [[1187]], Калојан бил испратен како заложник во [[Константинопол]], но успеал да побегне две години подоцна. По убиството на цар Асен, царот Петар го назначил за помошник во управувањето. Кога и тој станал жртва на заговор, Калојан ги открил заговорниците и бил крунисан за бугарски цар во почетокот на [[1198]] година.
 
Во [[1202]] година, по ликвидирањето на државата на [[Добромир Хрс]], тој успеал да им го одземе на [[Византија]], поголемиот дел од [[Македонија (регион)|Македонија]] (северна и средна). Сепак, во истата таа година се појавиле и првите проблеми. Имено, унгарскиот крал Имре ги нападнал бугарските окупирани области во [[Србија]], при што ги зазел градовите [[Белград]], [[Костолац]] и [[Ниш]]. Набргу, Калојан се одмаздил, и на престолот на Србија го ставил братот на Вукан, [[Стефан Првовенчани]].
 
[[Папа Инокентиј III]] во [[1199]] година му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските империи и царства, пример кој веќе се практикувал во [[Западна Европа]]. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можниата унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со [[Византија]] чија цел била таа да го прогласи за [[цар]] (''цѣсарь — [[цезар]]''), титула која била еднаква на титулата [[Римски император (титула)|император]], како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за [[Православие|православниот]] свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар. Со помош на папата, Калојан бил крунисан со титула "''rex Bulgarorum et Blachorum''" (крал на Бугарите и Власите). Дури и византискиот цар му ја признал титулата, а ветил и црковно признавање. Царот Калојан во исто време потпишал заклетва според која тој се задолжил да ја признае [[Римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] и нејзината надмоќ врз овие простори, со кои тој требало да се потчини на секое решение земено од страна на папата. Но со заземањето на Константинопол од страна на крстоносците, на повеќе пати биле нападнати бугарските територии. Така, царот Калојан испратил писмо до [[Балдвин Фландриски]] со предлог да се склучи договор за мир. Но императорот ова не го прифатил, и борбите продолжиле. Така кон почетокот на [[1205]] година, Калојан склучил договор со византиската аристократија за заеднички воени походи против Латинската империја.
 
Така, скоро сите тракиски тврдини и области застанале на страната на Калојан. Во [[Едрене]] (или [[Одрин]]), Калојан ја испратил куманската коњаница каде рицарите и крстоносците доживеале голем пораз. Во таа битка бил заробен и самиот император [[Балдвин Фландриски]] и однесен како заробеник во [[Трновградска тврдина|Трновградската тврдина]]. По Битката кај Едрене, бугарската армија зазела големи делови од [[Тракија]] и [[Македонија (регион)|Македонија]]. Поради страв да не биде нападната и расцепканата византиска држава, византиската аристократија се откажала од договорот кој бил склучен со Калојан. Поради тоа, царот Калојан го зазел денешниот град [[Пловдив]]. Во [[1207]] година војната се проширила го голема мера, за да на крај повторно биде склучено примирје за заедничко дејство против [[Константинопол]] односно Латинската империја. Следувала опсада на Едрене и неуспешна опсада на престолнината на Латинската империја. Како главна причина се смета повлекувањето на куманитеКуманите од опсадата. По ова, бугарските позиции се насочиле кон [[Солун]].
 
За време на опсадата на Солун, при походот против [[Солунско кралство|Солунското кралство]], Калојан ненадејно починал. За неговата смрт постојат повеќе тези. Едната е дека умрел од природна смрт, друга дека бил убиен од неговиот најдобар командант Манастр, или пак дека станал жртва на заговор во кој учествувала и неговата жена, Куманката Целгуба.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Калојан