Партениј Антаниски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Infobox Patriarch
| honorific-prefix =
| name = [[Податотека:Macedonian cross.svg|left|30px]] Партениј Антаниски [[Податотека:Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png|right|30px]] |
| honorific-suffix =
| patriarch_of = [[ебарско-кичевска епархија|Викарен епископ]]
| image =
| caption =
| birth_date = {{роден на|29|октомври|1970}}
| birth_place = {{роден во|Битола}}, [[Македонија]]
| ordination =
| consecration =
| enthroned =
| ended = ''во служба''
| province =
| diocese =[[Дебарско-кичевска епархија]]
| see =
| predecessor =
| church = [[МПЦ-ОА]]
| religion = [[Православие]]
| occupation = Викарен епископ на МПЦ-ОА
| signature =
}}
'''Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски''' (''Фидановски'') е роден на {{роден на|29|октомври|1970}} година во {{роден во|Битола}}. Тој е актуелен [[игумен]] на [[Бигорски манастир|Бигорскиот манастир]]<ref>[http://bigorski.org.mk/igumen/biografija/ биографија]</ref> и е прогласен за викарен епископ на [[Дебарско-кичевска епархија|Дебарско-кичевската епархија]].
 
== Животопис ==
'''Архимандрит Партениј''' (''световно име Зоранчо Фидановски'') е роден на {{роден на|29|октомври|1970}} година во {{роден во|Битола}}, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Прадедо на отец Партениј, по таткова линија, бил деецот на ВМОРО [[Стојан Војводата Вировчето]] од [[Вирово|с. Вирово]], Демирхисарско, кој го положил својот живот за слободата на Македонија. Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, Зоран го започнува својот духовен пат во средното богословско училиште во Драчево, Скопје. Потоа, воден од жедта за духовни знаења, го завршува и [[Богословски факултет|Православниот богословски факултет]] „Свети Климент Охридски“ во Скопје, со дипломска работа посветена на личноста на [[Свети Јован Крстител|Свети Јован]] Пророк, Претеча и Крстител.
 
Сепак, Божјата промисла сакала уште понепосредно и подлабоко да се запознае со православниот духовен и монашки опит, доведувајќи го во манастирот [[Григоријат]] на [[Света Гора]], каде престојува извесно време, под мудрото раководство на познатиот, сега веќе блаженоупокоен старец [[Георгиос Капсанис|Георгиј Капсанис]], григоријатскиот игумен. Наследувајќи го неговиот благослов, по враќањето во Македонија, кон крајот на месец јули 1995 година, младото момче од Битола, тогаш 24 годишниот Зоран Фидановски, идниот о. Партениј, со благослов на надлежниот Дебарско-кичевски владика, митрополитот [[Тимотеј Дебарско-кичевски|г. Тимотеј]], ја започнал својата благородна и особено макотрпна мисија за обнова и продолжување на вековната духовна традиција во вековното македонско православно светилиште – [[Бигорски манастир|Бигорскиот манастир]]. Оваа духовна обнова била повеќе од потребна, затоа што по упокојувањето на последниот монах и игумен Спиридон во 1948 година, монашкиот живот во Бигорски бил сосема згаснат, а богослужението прекинато. Храмот на Свети Јован Претечата бил целосно нечист, конакот Долни палат руиниран, Горни палат во распаѓање, немало ни електрична енергија, ни водоводна мрежа, ниту некакви основни услови за живот. Духовноста била целосно замрена.