Требеништа (некропола): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Златни сандали, нараквици и надградник: Правописна исправка, replaced: три пати → трипати
Ред 25:
Истото потекло и намена веројатно го имаат и златните "нараквици" и "сандали".
 
Златни "сандали" се откриени во гробовите II, VI, VII, VIII, × и XII. Тие се изработени од златен или позлатен сребрен лим во форма на стапало. Кај повеќето од овие сандали орнаментот е вегетабилен, односно се состои од палмети и розети, а единствено кај "сандалите" од гробот VIII е претставена Горгона и две свинги хералдично поставени. На двете сандали со некаков печат е втисната иста декорација, по три патитрипати на секој примерок. Веројатно улогата на овие сандали е сепукрална, т.е. тие се наменети на покојникот, кому треба да му помогнат и да го штитат на патот до "оној свет". Како такви сандалите имаат хтонско-апотропејско значење. Најстар помен на вакво верување има кај Египќаните во т.н. [[Книга на мртвите]], според која до "оној свет" може да се дојде по два пата, едниот е по вода, а другиот е сувоземен пат, за кој на покојникот му се потребни чевли.
 
Меѓу предметите со култно значење е и надградникот откриен во гробот II. Тој е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена композиција во форма на медаљон. Во центарот на медаљонот се претставени два лава, хералдички поставени. Нивните нозе се поставени врз седум кругови, какви што имаат и на подигнатите нозе.