Разлика помеѓу преработките на „Киевско-печерска лавра“

с
→‎Монашки живот: Правописна исправка, replaced: три пати → трипати
с (→‎Доцен среден век: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати)
с (→‎Монашки живот: Правописна исправка, replaced: три пати → трипати)
Животот на монасите кои живееле во пештерите на Киево-печерската лавра се одвивал во молитва, строг пост, тишина, борба со слабоста на телото, со страстите и ѓаволот. Голем дел од монасите ги истоштувале своите тела поради напорната работа, копајќи секојдневно по пештерите, правејќи од комплексот една подземна населба.
 
Најголем подвиг на саможртвеността во манастирот било нивната затвореност. Со години монасите ги прекратувале разговорите со надворешниот свет. Два до три патитрипати во неделата, игуменот или некој од браќата им оставал на еден тесен прозорец малку вода и веднаш се оддалечувал од местото. Доколку немало одговор, односно доколку следниот пат водата стоела недопрена, тоа означувало дека монахот е мртов.
 
Многу бргу, пештерскиот манастир станал тесен за монасите и во 1060-1062 година, во Далечните пештери биле изградени дрвени келии и Успенската црква. Самите пештери од нивна страна биле користени како место за молитва и место за погребување на монасите.