Обелиск: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Египетски: Исправка на датумски формат, replaced: мај, 1 → мај 1
с Правописна исправка, replaced: два пати → двапати (2)
Ред 15:
Обелискот го симболизирал богот на сонцето Амон Ра, и за време на кратките верски преуредувања на Аменхотеп се мислело дека е скаменет зрак на Атен, дискот на сонцето. Исто така се мислело дека богот постои во оваа структура.
Египтологистот на Универзитетот во Њујорк, Патриција Блаквел Гери и главниот уредник на списанието Астрономија поставуваат хипотеза дека формите на старите египетски пирамиди биле изведени од природни појави поврзани со сонцето (богот На сонцето Ра кој бил најголемиот бог на египјаните). Пирамидата и обелискот можеби биле инспирирани од претходно забележани астрономски појави поврзани со изгревање на сонцето и зајдисонцето, односно зодијачкото светло и одсјајот на сонцето.
Старите римјани биле под силно влијание на формата на обелискот, до таа мера што денес постојат два патидвапати повеќе обелискци во Рим отколку оние што постојат во Египет. Сите паднале по римскиот период, освен оној во Ватикан, и биле повторно издигнати на различни локации.
Највисокиот египетски обелиск се наоѓа на плоштадот пред Базиликата Латеран во Рим со висина од 105.6 стапки и тежина од 455 тони.
Сите обелискци во Римското Царство не биле поставени во Рим. Ирод Великиот ги имитирал неговите римски господари и поставил Египетски обелиск од црвен гранит во хиподромот на неговиот нов град Цезареа во северна Јудеа. Овој обелиск е висок приближно 40 стапки и тежок 100 тони. Го откриле археолозите и бил повторно издигнат на неговата претходна локација.
Ред 94:
Во крајот на летото 1999год. Роџер Хопкинс и Марк Ленер се здружиле во тимот НОВА (тв серии) за да издигнат обелиск со тежина од 25тони. Обој бил трет обид да се издигне обелиск со оваа тежина, претходните два, во 1994год. и 1999год. завршиле неуспешно. Исто така постоеле два обида да се подигне обелиск тежок два тона и еден од девет тона. Конечно во периодот август-септември 1999год. учејќи од своите искуства успеале успешно да подигнат еден обелиск. Најпрво Хопкинс и Раис Абдел Алеем направиле експеримент влечејќи камен блок кој тежел 25 кг. На почетокот имало повеќе од 100тина луѓе кои се обиделе да влечат но не можеле да го поместат. На крајот, со повеќе од 130 луѓе влечејќи одеднаш и уште дванаесетмина други користејќи дигалки да ги поттикнат санките да се придвижи напред, го поместиле. Во текот на денот, работниците влечеле и од 10 до 20 стапки (6 м.). Покрај проблемите со скинати јажиња тие докажале дека споменикот може да се премести на овој начин. Други експерименти биле направени во Египет и други локации во обидот да се влече мегалитски камен со стари техно-
логии, некои наведени овде.
Еден експеримент бил пренесување на мал обелиск на лаѓа во реката Нил. Лаѓата била направена врз основа на стари египетски модели. Требало да биде многу широка за да го издржи обелискот, со размер 2:1 должина и ширина, и најмалку два патидвапати подолг од обелискот. Обелискот бил долг 10 стапки (3м.) а тежел не повеќе од 5 тона. Лаѓа доволно голема да го издржи пренесувањето на најголемиот египетски обелиск од овој размер би морала да биде околу 200 стапки (61 м.) долга и 100 стапки (30.5м) широка. Работниците користеле јажиња кои биле врзани околу водич кои им давал насоки да влечат, надвор од реката, додека тие го влечеле обелискот врз лаѓата. Лаѓата успешно била пуштена во реката Нил.
Последното и успешено подигање го организирал Рик Браун, Хопкинс, Ленер и Грег Мулен во истражување во Масечусетс. Подготовките за почнување со работа биле напревени со модерна технологија, но експериментите покажале дека со доволно време и доволно луѓе можело да се направи и со античка технологија. За почеток обелискот лежел на песок и камена рампа. Била ископана дупка на средината, и истата била исполнета со сув песок. Претходните експерименти докажале дека мокриот песок не се лизгал толку добро. Рампата била заградена со камени ѕидови. Луѓето го подигнале обелискот полека отстранувајки го песокот додека групи на луѓе ги влечеле јажињата за да го контролираат паѓањето во дупката. Задниот ѕид бил направен да го води обелискот кон своето место. Обелискот морал да го погоди свиокот кој ќе го спречи неговото лизгање. Тие користеле јажиња како сопирачки за да го спречат од паѓање. Вакви свиоци биле пронајдени кај античките пиедестали. Гравитацијата си го отслужила своето сè до последните 15о за кои морало обелискот да се влече напред. Тие повторно користеле јажиња како сопирачки да не падне напред. На 12 септември го завршиле проектот. Овој експеримент се користел да се објасни како обелиските можеби се подигнувале во Луксор и на други локации. Се чини дека бил придружен и со папирус во форма на свиок, стар 3 000 години во кој еден писар се надоврзува на друг во изградувањето споменик за „господарот“. Свиокот вели „испразнете го просторот исполнет со песок под споменикот на господарот“.
За да се издигне обелискот во Луксор по овој метод биле потребни преку милион метри кубни камен, тули од кал и песок како за рампата така и за платформата што ќе го навали обелискот. Најголемиот обелиск успешно бил подигнат во античко време и тежел 455 тони. 520 тони челик биле пронајдени во Аксум, но истражувачите велат дека се скршил при подигањето.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Обелиск