Вегетаријанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: суфиксот → наставката
с →‎Долговечност: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
Ред 83:
===Долговечност===
 
Една метастудија од 1999 година ги поврза податоците од пет различни проучувања направени од западните земји. Метастудијата го покажа соодносот на смртост, каде што помалиот број означуваше помалку смртни случаи и изгледаше вака: 0.82 за конзуматорите на риба, 0.84 за вегетаријанците и 0.84 за повремените конзуматори на месо (оние кои јадат месо помалку од два патидвапати неделно). Оние кои често конзумираат месо имаа ниска стапка на смртност од 1.0, додека поради големиот број на податоци, бројот на вегани беше многу тежок за одредување (некаде помеѓу 0.7 и 1.44). Истражувањето ги даде броевите на смртни случаи за секоја од категориите, очекуваните грешки кои можат да постојат за секој сооднос и направените измени во податоците. Меѓутоа, ниската стапка на смртност беше најмногу поради фактот што пушењето е релативно слабо распространето кај овие вегетаријански приврзаници. Од сите главни причини за смрт кои беа проучени, само една од нив се однесуваше на разликите во исхраната, а тоа беше наведено и во заклучокот: вегетаријанците имаа 24% пониска стапка на смртност предизвикана од исхемични срцеви заболувања за разлика од невегетаријанците, но вегетаријанскиот начин на исхрана не се поврзува со никакви други причини за смрт.
Во истражувањето за смрноста кај британските вегетаријанци беше донесен сличен заклучок: ,,Британските вегетаријанци имаат пониска стапка на смртност во споредба со останатиот дел од населението. Тие имаат слична стапка на смртност со невегетаријанците, што е показател дека поголемиот дел од овие добри страни можат да им се препишаат на факторите кои не се однесуваат на начинот на исхрана, како што е слабата распространетост на пушење, високиот општествено-економски статус и различните начини на исхрана кои не се поврзани со неконзумирање на месо и риба.
Во тек е проучување за здравјето на Адвентистите коешто го документира животниот век на Адвентистите на седмиот ден. Од сите истражувања со слична методологија, ова е единственото истажување кое укажуваше на добрите страни на вегетаријанството. Истражувачите открија дека со комбинација на повеќе стилови на живеење можеме да го зголемиме животниот век за околу 10 години. Меѓу различните стилови на живот кои беа проучувани, се процени дека вегетаријанскиот начин на исхрана го зголемува живонтиот век за 1- ½ до 2 години. Истражувачите заклучија дека ,,Адвентистите од Калифорнија имаат подолг животен век за разлика од кое било друго население, со што животниот век за мажи е 78.5 години а за жени 82.3 години. Животниот век на Адвентистите од Калифорнија кои ќе ја преживеат 30та година изнесува 83.3 години за мажи и 85.7 години за жени.