Елвис Пресли: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
с Правописна исправка, replaced: два пати → двапати, Два пати → Двапати |
||
Ред 73:
=== Назад на турнеја и средба со Никсон ===
Пресли се врати во хотелот Интернејшнал во [[Лас Вегас]], во почетокот на 1970, каде цели два месеци имаше вечерни настапи и тоа по
Албумот „That’s the Way It Is“ сниман како придонес на документарецот за Пресли, окарактеризиран и со студиски и со живи изведби, одбележа една стилска промена. Како што истакнува музичкиот историчар Џон Робертсон, „авторитетот на пеењето на Пресли му помогна да го прикрие фактот дека албумот незабележливо се оттргна од инспирацијата од американските корени од Мемфис, кон малку поумерен звук. Со кантри музиката оставена во позадина, и соулот и аренби музиката оставени во Мемфис, единствено што беше останато беше класичен, многу чист бел поп – перфектен за публиката на Лас Вегас, но воедно тоа беше и еден чекор назад за Елвис.“
Ред 99:
==== Медицински кризи и последните сесии на снимање ====
Разводот на Пресли влезе во сила на 9 ти октомври 1973 година. Во овој период неговата состојба се повеќе се влошуваше.
Во септември, нагло му се влоши состојбата. Клавијатуристот Тони Браун се сеќава на пристигнувањето на пејачот на концертот во Универзитетот во [[Мериленд]]: „Тој падна од лимузината, падна на колена. Луѓето се стрчаа да му помогнат, но тој ги истурка во стилот, ’Бегајте! Не ми помагајте!’ Се качи на сцената и првите триесет минути се држеше за микрофонот како да е столб. Сите се погледнуваа еден меѓу друг како да се запрашуваа дали воопшто ќе има турнеја.“ Гитаристот Џон Вилкинсон се присеќава, „Тој беше запустен. Беше камен. Беше во голем проблем. Беше очевидно дека е издрогиран. Беше очигледно дека нешто не е во ред со неговото тело. Беше толку лошо, што зборовите од песните беа едвај разбирливи. Се сеќавам дека плачев. Тој едвај издржа на претставувањето.“ Вилкинсон одново се присети дека неколку ноќи покасно, во [[Детроит]], „ го гледал во неговата соблекувална, спружен на една фотелја, без сила да мрдне. Честопати си помислував да речам ‘Шефе, зошто едноставно не ја откажеш оваа турнеја, и не направиш едногодишна пауза?’ Спомнав еднаш такво нешто во избран момент. Тој само ме подудри по рамото и ми рече ‘ Ќе биде во ред. Не се грижи за тоа.’“ Пресли продолжи да пее на распродадени концерти. Како што опишува културниот критичар Марџори Гарбер, тој беше сега наширко перцепиран како накитен поп пејач кој „во ефективност тој стана ослободувачот. Дури и неговите фанови сега беа средовечните надзорнички и бабичките со сини коси.“
|