Пубертет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Simonka34 (разговор | придонеси)
#WPWP #WPWPMK
с Правописна исправка, replaced: два пати → двапати
Ред 2:
===Поим за пубертет===
Под поимот пубертет во поширока смисла се подразбира процес на физички промени преку кои детското тело станува возрасно тело способно за репродукција. Пубертетот започнува со праќање на сигнали од хормоните во мозокот до гениталиите. Како одговор, гениталиите произведуваат различни хормони кои го стимулираат растењето, функционирањето или трансформирањето на мозокот, коските, мускулите, градите и органите за репродукција. Растењето започнува во првата половина на пубертетот, и завршува кога завршува и пубертетот.
Во потесна смисла, поимот пубертет се однесува повеќе на промените во процесот на сексуалното созревање, отколку на психолошките и културолошките аспекти од развојот на адолесцентот. Адолесценција е период на психолошка и културолошка транзиција помеѓу детството и зрелоста.
 
===Разлики помеѓу машкиот и женскиот пубертет===
Ред 15:
Кај момчињата,зголемувањето на тестисите е првата физичка манифестација на пубертетот.Тие продолжуваат со зголемување на нивниот волумен и должина,достигнувајќи го својот максимум 6 години од започнувањето на пубертетот.
Тестисите имаат две основни функции: да произведуваат хормони и да произведуваат сперматозоиди. Хормонот кој се произведува се вика тестостерон,и тој е предизвикувач на повеќето промени во текот на пубертетот.
Поголемиот дел од волуменот на тестисите е задолжен за произведување на сперматозоиди. Тие можат да се најдат во утринската урина кај повеќето момчиња по првата година од пубертетските промени. Потенцијалната плодност кај момчињата може да се појави и на 13 годишна возраст, но потполната плодност не може да се достигне пред 14 – 16 годишна возраст.
 
• Срамни влакна
Срамните влакна кај момчињата најчесто се појавуваат по започнување на растот на гениталиите. Тие вообичаено најпрво се видливи на основата на пенисот. Во почетокот се неколку на број, но по 6 – 12 месеци веќе е тешко да се избројат.
 
• Влакна на телото и лицето
По неколку месеци или години од појавата на срамните влакна, други влакна се појавуваат на одредени места на телото, како резултат на лачењето на хормоните. Тие најчесто се јавуваат под пазувите, на рацете, нозете, градите, стомакот, грбот и на лицето. Постои голема разлика помеѓу влакната кај возрасните мажи од различни етнички групи, и тоа се гледа во периодот потребен за растење на влакната, како и во густината на израснатите влакна. Исто така, постои разлика и помеѓу возрасните мажи од исти етнички групи, на пример, немаат сите мажи влакна на градите.
 
• Промени на гласот
Под влијание на андрогените, гласовната кутија, односно ларингсот расте. Овој раст е многу повеќе забележителен кај момчињата, предизвикувајќи машкиот глас да стане длабок, понекогаш, но ретко, и преку ноќ да се здебели за една октава.
 
• Форма на телото и развој на мускулатурата
Кон крајот на пубертетот, возрасните мажи имаат потешки коски и речиси два патидвапати поголема мускулна маса. Некои коски се израснати диспропорционално повеќе, со што доаѓа до разлика помеѓу машката и женската форма на скелетот.
Мускулите главно се развиваат во подоцните фази од пубертетот, а истите можат да продолжат де се зголемуваат дури и кога мажот е биолошки возрасен.
 
Ред 44:
Започнува забрзано да расте во висина.
Потоа ја добива првата менструација и започнува менструалниот циклус. Обично ова се случува, во тек на 2 години откако започнале да растат градите.
 
 
 
[[Категорија:Развојна биологија]]