Салаковски Езера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Местоположба и одлики: Јазична исправка, replaced: m< → м< (2)
с Правописна исправка, replaced: два пати → двапати (2)
Ред 15:
Големото Салаковско Езеро зафаќа површина од 1340 м<sup>2</sup>, додека Малото Салаковско Езеро зафаќа површина од 850 м<sup>2</sup><ref name="Стојмилов">{{Наведено списание|last=Стојмилов|first=Александар|date=1998|title=Глацијални езера на Јакупица (Мокра Планина)|url=|journal=Географски разгледи|volume=32-33|pages=11-14}}</ref>. Најголемата длабочина на големото езеро изнесува 2,35 метри, додека Малото езеро има најголема длабочина од 2,5 метри<ref name="Стојмилов" />. При проучувањата на езерскиот басен, се утврдило дека во далечното минато, двете езера биле споени и претставувале едно големо езеро<ref name="Стојмилов" />.
 
За местоположбата, одликите и преданијата за Салаковските Езера кон крајот на XIX век пишувал и македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]], кој во својата книга „[[Материјали по изучувањето на Македонија]]“ запишал дека на скопските планини има две мали, но длабоки езера, коишто се наоѓаат едно до друго на планината [[Црн Врв]]. Со заедничко име ги викаат „езерината“, едното „големо“, а другото „мало“ езеро. Малото зафаќа место колку едно гумно, а големото е два патидвапати поголемо од него.<ref name="Ѓорче Петров" /> Бреговите и на двете езера се образувани од високи карпи, коишто им придаваат изглед на вдлабнатини.<ref name="Ѓорче Петров" /> Кога има ветер, бучењето на водата се слуша подалеку, од што може да се претпостави дека стените (на дното) на езерата под водата се, исто така, карпести.<ref name="Ѓорче Петров" /> Некогаш тие езера биле без истек.<ref name="Ѓорче Петров" /> Тој исто така, веројатно помешувајќи ја со [[Салаковска Река]], погрешно наведува дека од големото езеро потекува [[Патишка Река]], којашто над Ибраимица се соединува со Сува Река.
 
== Народни преданија и верувања ==
Ред 26:
Во својата книга „[[Материјали по изучувањето на Македонија]]“ издадена во [[1896]] година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] наведува 3 преданија кои ги има месното население за овие езера.
 
Според првото предание, соменатите езера, си имаат свој стопан - тоа е еден силен ѕвер, како што прилега на едни такви големи творби, какви што се тие езера.<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|editor=превод: Марио Шаревски|edition=2016|year=1896|pages =57-59|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref> Среде големото езеро над водата се издигнува една гранитна карпа и тука често се јавува ѕверот или стопанот на езерото за да види бел свет.<ref name="Ѓорче Петров" /> Штом види некој човек, тој се фрла во водата толку силно, што целата вода се заматува од него.<ref name="Ѓорче Петров" /> Овчарите од околните планини си ги капат во езерото овците и јагнињата. Кога ќе ги соберат блиску до водата, ги втеруваат внатре овните, а по нив овците сами се фрлаат во водата. На тој начин овците поминуваат низ езерото еднаш - два патидвапати додека волната да им се измие добро.<ref name="Ѓорче Петров" /> Пред да ги втераат во езерото на капење, овчарите фрлаат во водата пари и стрелаат со пушки, за да ја покажат својата почит кон господарите на езерата.<ref name="Ѓорче Петров" /> Ако тоа не го направат, нужно ќе им се изгуби нешто. Или „ќосот“ (овенот) ќе го завлече стадото во вртежот и така ќе се удави целото стадо или дел од стадото ќе се качи на карпата и од таму нема да може да се истера, или најпосле во мирната вода ќе се удави некоја овца.<ref name="Ѓорче Петров" /> Во потврда на ова Ѓорче Петров наведува дека братучедот на неговиот раскажувач во неверување, без да ја изврши претходната церемонија, го втерал „ќосот“ во водата, а после него внатре влегло целото стадо при што повеќето овци излегле надвор, но 17 јагниња останале на средната карпа и на никаков начин не можел да ги натера да ја напуштат карпата и да излезат надвор.<ref name="Ѓорче Петров" /> Братучед му тогаш го препливал езерото до карпата и ги истерал јагнињата од таму.<ref name="Ѓорче Петров" /> За да излезе од езерото, тој замавнал со нозете од карпата за да земе сила, со чијашто помош сакал да се доближи до брегот, но не можел да се движи нанапред, затоа што нешто го влечело наназад - тоа бил стопанот (таласамот), кој го туркал наназад и го завлекувал долу во водата.<ref name="Ѓорче Петров" /> Со големи напори после 10 минути се појавил одгоре над водата и почнал да плива нанапред, но мачно можел да се одржува и да плива над водата, затоа што се чувствувал тежок, како да имал цела куќа над него.<ref name="Ѓорче Петров" /> На неговите повици за спас другарите му пуштиле прачка и го извлекле на брегот - ѕверот го пуштил за да прикажува на светот за случката.<ref name="Ѓорче Петров" /> „Но колку ќе биде жив? - не поминаа две недели и умре. Од тогаш и турско и каурско се плаши од ѕверот! Господ да чува!“.<ref name="Ѓорче Петров" />
 
[[Податотека:Салаковски Езера 07.jpg|мини|300п|лево|Поглед на Салаковските езера под врвот и гребен Убава]]