Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Додаден потписот на Мара во инфобокс
Додаден нов поднаслов говор на Мара
Ред 173:
 
Мара бил избран во Националната конвенција во септември 1792 година како еден од 26 пратеници на Париз, иако тој не припаѓал на ниту една партија. Кога Франција била прогласена за Република на 22 септември, Мара го преименува својот весник ''L'Ami du Рeuple'' во ''Le Journal de la République française'' (''Весник на Француската Република''). Дотогашното мото на весникот ''Vitam impendere vero'' (Да се жртвува животот за вистината) било заменето со ново мото ''Ut redeat miseris, abeat fortuna superbis'' (Богатството треба да премине од моќните кај сиромашните). Неговиот став за време на судењето на соборениот крал Луј XVI бил единствен. Тој изјавил дека било неправедно да се обвини Луј за било што пред неговото прифаќање на францускиот Устав од 1791 година, и иако несомнено, рекол тој, верувајќи дека смртта на монархот ќе биде добра работа за народот, го бранел Гијом-Кресјан де Ламоањон де Малешерб, советникот на кралот, како „''sage et respectable vieillard''“ („мудар и почитуван старец“).
 
=== Првиот парламентарен говор на Мара ===
Мара го одржа својот прв говор во Националното собрание, на 25 септември 1792 година:<blockquote>Барам збор.
 
(Насилни гласови, викотници: „Долу од говорницата!“, изречени со сета жештина на негодување, се креваат на сите страни.)
 
Делакроа: Барам Собранието да не зборува сè додека не ги има сите појаснувања што досега му недостигаа, и јас го одобрувам експресното барање да се слушне Мара.
 
Мара: Значи, јас имам голем број лични непријатели во овој парламентарен дом?[[Податотека:Marat, Jean Paul (1743-1793) CIPB1147.jpg|мини]](„Сите! Сите!“ Воскликнува целото Собрание, кревајќи се на негодување.)
 
Мара: Ако јас имам голем број непријатели во ова собрание, би ги потсетил на скромност и да не се спротивставуваат со залудни вревања, врисоци или закани кон човек кој се посветил на земјата и нејзин спас. Со закани и навреди не се докажува обвинетиот дека е виновен; не може со викање на еден бранител на народот да му покажеме дека е криминалец. Нека ме ислушаат во тишина за момент, нема да го злоупотребам нивното трпение.
 
Благодарам на скриената рака што фрли среде нас залуден фантом за заплашување на слаби души, за разделување на граѓаните и за предизвикување непопустливост кај делегатите од Париз. Им благодарам на моите гонители што ми дадоа можност да ви ја покажам целата своја душа.
 
Тие се осмелија да ме обвинат дека се стремам кон трибунат. Ова обвинение не може да има никаква боја, освен затоа што сум член. Па, добро, ѝ должам на правдата да изјавам дека моите колеги, имено Робеспјер, Дантон, како и сите други, постојано не ја одобруваа идејата за трибунат, триумвират или диктатура. Ако некој е виновен што ги промовира овие идеи во јавноста, тоа сум јас. Верувам дека сум првиот политички мислител и можеби единствениот во Франција откако почна Револуцијата, кој предложи воен трибун, диктатор, триумвират, како единствен начин да се уништат предавниците и заговорниците. Ако сметате дека ова мислење е за осуда, јас ја повикувам одмаздата на нацијата врз мојата глава! Но, пред да исфрлите прекор или меч, достоинствено ислушајте ме. (Аплауз од неколку галерии.)
 
Што? Мислењата, гласно декларирани и доставени до надзор на читателите, можат ли тие да се сметаат за кривични дела? Без сомнение не. Да беа лажни, тие никогаш не би биле ништо друго освен едноставни грешки, да беа екстравагантни, нивниот автор никогаш немаше да помине како слепа личност или будала. Во мракот се кријат предавниците, се изведуваат заверите и никогаш сплеткарот не ја проповедал својата доктрина транспарентно. Јас ги доставив моите мислења на испит на јавноста; ако тие се опасни, моите непријатели требаше да се борат против нив од солидни причини, а не да ми фрлаат анатема; со побивање, а не со кревање на мечот на тиранијата над мојата глава, требаше да го уништат нивното кобно влијание.
 
Освен тоа, моите мислења за триумвират и трибунат се запишани во списи, потпишани од мене, отпечатени и јавно раздадени скоро три години, и токму денес се нафаќаме да ги преобразиме во злосторства кон нацијата? Зошто чекавте толку долго?
 
И тогаш, за што ме обвинувате?
 
Среде махинации, предавства со кои земјата постојано е опкружена; пред очите на грозоморните заговори на еден перфиден суд; пред очите на тајни активности на предавниците во пазувите на Уставотворното собрание; конечно, пред очите на послушниците на деспотизмот кои седеа во Законодавно собрание, дали ќе ми натоварите кривично дело што ги предложив единствените средства за кои мислев дека ќе нè држат на работ на полуотворената бездна? Кога конституираните власти не служеа повеќе освен да ја оковат слободата во синџири, освен да ги заколат патриотите во името на законот, дали ќе ми натоварите кривично дело што ја испровоцирав одмаздничката секира на народот врз предавниците? Не, ако ме обвинете за тоа, народот ќе ве демантира; затоа што, слушајќи го мојот глас, тој чувствува дека средствата што му ги предложив беа единствените што ја спасија земјата; и, откако стана самиот диктатор, знаеше како да се ослободи од предавниците.
 
Тоа беа крвавите сцени од 14 јули, 6 октомври, 10 август, 2 септември, кои ја спасија Франција... Само тие да беа диригирани од вешти раце!
 
Јас и самиот се згрозив од импулсивните и хаотични акции на народот, кога ги гледав како продолжуваат; и за да овие акции не би биле вечно залудни, и да не бил народот повторно приморан да ги започне, јас барав да назначи добар граѓанин, мудар, праведен и цврст, познат по својата решителна љубов кон слободата, за да ги подели oвие движења и да ги стави во служба на јавната безбедност. Следете ги моите списи: во оваа смисла побарав од народот да назначи диктатор, воен трибун. За да се спречат злоупотребите и опасностите од таквата должност, препорачав да се ограничи на моќта да ги казнува главно шефовите на заговорниците, мандатот да му биде ограничен на неколку дена и граѓанинот што смета дека е достоен да ја исполни, да биде окован со нозете за ѓуле, така што тој самиот би бил во секое време во рацете на луѓето во случај да ги заборави своите должности. Ако народот можеше да ја почувствува мудроста на оваа мерка и ако ја усвоеше во сета нејзина полнота, на самиот ден кога беше освоена Бастилја, ќе отсечеше, на мој знак, 500 глави на заговорници; сè ќе беше тивко денес; предавниците ќе се тресеа, сто илјади патриоти немаше да бидат заклани, сто илјади патриоти немаше да бидат загрозени со тоа, државата немаше да биде распарчена од фракции толку многу време, вознемирена од бунтови, предадена на неволји, на анархија, на мизерија, на глад, на граѓанска војна, немаше да му се закануваше на народот дека ќе падне жртва на варварските орди на толку многу засегнати деспоти, а слободата и правдата ќе беа воспоставени денес во нашите sидови.
 
Затоа, неколкупати предложив да му се даде моментален авторитет на мудар и силен човек, под името на народен трибун, диктатор, итн.; името не е важно. Но, доказ дека сакав да го оковам за татковината, е дека, како што реков, побарав да му се врзе ѓуле за нога и тој само да би имал овластување да ги сече главите на криминалците. Ова е мое мислење; јас не го пропагирав во одредени кругови, го отпечатив во мојот весник; го ставив моето име таму и не се срамам од тоа. Ако сè уште не сте подготвени да ме слушнете, толку полошо за вас (иронично смеење на некои клупи; аплаузи на некои трибини), неволјите не се завршени, поплави од крв еден ден ќе ве натераат да ја почувствувате својата грешка и горко ќе ја жалите својата фатална сигурност.
 
Уште еднаш повторувам: веќе сто илјади патриоти се заклани, бидејќи мојот глас не беше слушнат доволно брзо; сто илјади повеќе ќе бидат заклани повторно или ќе ќе бидат под закана да бидат заклани; и, ако народот омекне, на анархијата нема да има крај. Овие мислења ги изложив пред јавноста; ако се опасни, на просветлените луѓе останува да ме побијат со докази на рака, да ја едуцираат јавноста. Јас и самиот прв ќе ги прифатев нивните идеи и ќе докажев дека сакам мир, ред, владеење на законите кога тие се праведни.
 
Дали ќе бидам обвинет за амбициозни ставови? Јас нема да прибегнам на лично оправдување. Видете ме и судете ме. Ако сакав да ставам цена на мојот молк, ако сакав малку простор, судот можеше да ме фаворизира; но која беше мојата судбина? Се фрлив во подземни темници, се осудив на мизерија, на сите опасности. Мечот на дваесет илјади атентатори висеше над мене, а јас ја проповедав вистината со главата на егзекуторскиот трупец.
 
Во овој момент само барам да ги отворите очите; не гледате ли дека е формиран заговор за да се создаде раздор и да се одвлече вниманието на Собранието од големите предмети што мора да го окупираат? Нека ми се придружат оние што денес го оживеаја духот на диктатурата; нека се обединат со сите добри патриоти и го поттикнат Собранието да маршира кон големите мерки што мора да ја обезбедат среќата на народот, за која би се жртвувал секој ден од мојот живот. Јас барам, ставајќи крај на овие скандалозни дискусии, Собранието да се зафати со корекција на декларацијата на правата и слободите, така што спасот на народот повеќе не биде во застој.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://sul-philologic.stanford.edu/philologic/archparl/navigate/52/3/|title=Archives Parlementaires de 1787 A 1860, Vol. 52: Recueil Complet des Débats Législatifs Et Politiques des Chambres Françaises; Imprimé par Ordre Ordre du Sénat Et de la Chambre des Députés; Première Série (1787 à 1799); Du 22 Septembre 1792 au 26 Octobre 1792|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref></blockquote>
 
=== Судскиот процес против Луј XVI ===
Кога се дискутирало во Конвентот за односот кон Луј XVI после Варен, Сен-Жист делегатот кој прв побарал Луј Капе да биде суден не како крал или дури граѓанин туку како предавник кој заслужува смрт во својот славен говор ''Discours sur le jugement de Louis XVI''. Според Сен-Жист, „Оn ne peut régner innocemment. Tout roi est un rebelle et un usurpateur“ (Не може да се владее невино. …Сите кралеви се бунтовници и угнетувачи). На пример, Камиј Демулен во јули 1789 година веќе се борел за република, отворено изјаснувајќи се за република, додека Мара бил приврзаник на уставната монархија дури после бегството на кралот од Тиљерискиот дворец на 21 јули 1791, сметајќи дека како најитна практична мерка е неопходно привремено да се избере регент, меѓутоа „само идиот би можел да ме осомничи за поддршка на ројализам“, пишува Мара. „Јас сум претставен дека ги носам своите жалби од моите прогонувачи до Принцот. Тој е последниот човек, после неговите министери, за кои треба да мислам да зборувам. Далеку сум од тоа да очекувам благосостојба на народот од монархот, јас кој го сметам како вечен непријател. Луј XVI е во моите очи покриен со крвта на патриотите од Нанси, кој му ракоплескаше на нивниот егзекутор; сè додека живеам, нема да престанам да му го упатувам тоа злосторство на негова адреса.“<ref>{{Наведена книга|title=L’Ami du Peuple, No. 24|last=Marat|first=Jean-Paul|publisher=|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref>