Крум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 37:
=== Византиски поход од 811===
 
Од страна на ханот Крум, во 809 година [[Опсада на Сердика (809)|била заземена Сердика]]. Одговорот на византискиот цар не задоцнил и тој во почетокот на 811 година организирал воен поход кон [[Плиска]], главниот град на бугарскатабугарските државаханови. Хан Крум превзел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "''поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници''"<ref>Цитат на хронистот Теофан.</ref>. Императорот лично ги повел тагмите по [[Стара Планина]]<ref>Еден од ретките такви случаи, според бугарскиот византолог Мутафчиев, 1935 г.</ref> и на бугарска територија влегол на [[20 јули]] [[811]] година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада. Византиската воена кампања се одликувала со невидени злосторства над месното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Откако византискиот цар ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон [[Константинопол]] како победник. Додека византискиот цар бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла. Така, во [[Битка кај Плиска|теснините на Врбишкиот превој]] бугарските сили катастрофално ги поразиле Византијците, притоа убивајќи го [[Никифор I]]. [[Ставрикиј]], синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол ([[Одрин]]). Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.
 
По големата победа над византиската војска и смртта на царот [[Никифор I]] во Битката кај Плиска во [[811]] година, Византиското Царство се нашло во многу тешка ситуација. Синот на Никифор и легитимен наследник [[Ставракиј]], кој бил сериозно ранет во битката, бил соборен во есента истата година, по државен удар. [[Михаил I Рангабе]] бил прогласен за император.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Крум