|}}
'''Хан Крум''' (803-814) е еден од трите [[хан]]ови кои имале титула ''Канас у Биги'' (Кан у Бога), уште „Од Бога владетел”. Хан Крум се залагал за ослободување на [[Стари Словени|Словените]] на [[Балкан]]от и нивно потпаѓање под права бугарска власт. [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]] ја победиле византиската војска кај реката [[Струма]]. Во 809 година успешно ја опсадиле Сердика ([[Софија]]). Крум на византиската војска им ветил безбедно излегување од тврдината, но го прекршил ветувањето и погубил 6000 војници. Ова го натерало византискиот цар [[Никифор I]] да поведе голема војска на поход против Бугарија. Византиската армија успешно ја поминала [[Стара Планина]], победувајќи бугарски одред од 12 000 војници, којкои сакалсакале да го спречиспречат нивното навлегување во [[Мезија]]. Вториот бугарски одред е поразен пред престолнината Плиска на 20 јули 811. Византиската војска ја ограбила Плиска и направила голем масакр. Враќајќи се по најкраткиот пат преку планината, ханот Крум ги фатил во заседа, ја уништил целата војска и го заробил византискиот цар Никифор I. Подоцна од неговите коски направил пехар за вино.
Денеска не постојат директни извори околу титулата со која се служел. Византиските извори го нарекуваат архонт. По аналогија со неговите наследници [[Омуртаг]] и [[Маламир]] во современата историографија Крум обично е нарекуван канас.
=== Први години===
Се смета за докажано дека управувањето на Крум започнало пред [[800]] година. Две години по поразот на [[Аварски каганат|Аварскиот каганат]] во [[803]] од [[Карло Велики]]<ref>[http://www.britannica.com/biography/Krum Encyclopædia Britannica]</ref>, Крум ги покорил остатоците од некогаш силнатасилна земјадржава и границата со [[Империја на ФранкитеФранкија|Франките]] била утврдена на [[Дунав]] кај денешниот град [[Пешта]]. Извор за оваа победа на [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]] е краткото известување во лексиконот "Судан" од [[10 век]]. Бугарија и Франките станале непосредни соседи по долината на среден Дунав. [[Трансилванија]], поради своите богатства на сребро и камена сол им обезбедила на Бугарите голема меѓународна трговска положба.
Во [[807]] година византискиот цар [[Никифор I]] започнал поход против [[Прво Бугарско Царство|Бугарија]] со цел да ја потчини, но неговите сили стигнале само до [[Одрин]], по што Никифор морал да се врати во [[Константинопол]] поради гласини дека се подготвува преврат во главниот град. Ова му овозможило на Крум да преземе иницијатива. Во [[808]] година тој започнал напад по течението на [[Струма]]. Како резултат на тоа во државната каса платите на локалните војници во висина од 1.100 литри злато.
=== Византиски поход од 811===
Од страна на ханот Крум, во 809 година [[Опсада на Сердика (809)|била заземена Сердика]]. Одговорот на византискиот цар не задоцнил и тој во почетокот на 811 година [[Никифор I]] организирал воен поход кон [[Плиска]], главниот град на бугарскитебугарската хановидржава. Хан Крум превзел дипломатски мерки за мир, но Никифор го отфрлил неговиот преедлог "''поради сопствените злонамери и поради едномислието на своите советници''"<ref>Цитат на хронистот Теофан.</ref>. Императорот лично ги повел тагмите по [[Стара Планина]]<ref>Еден од ретките такви случаи, според бугарскиот византолог Мутафчиев, 1935 г.</ref> и на бугарска територија влегол на [[20 јули]] [[811]] година. Во наредните три дена, Никифор пристигнал пред портите на бугарската престолнина Плиска и започнал со нејзина опсада. Византиската воена кампања се одликувала со невидени злосторства над месното население, кое било подложено на колење без разлика на пол и возраст. Откако византискиот цар ја ограбил и уништил резиденцијата на Крум, заминал кон [[Константинопол]] како победник. Додека византискиот цар бил зафатен со целосната пропаст и уништување на Плиска, Крум ги мобилизирал сите расположливи сили и се подготвил за одмазда. Тој бил разгневен, како од одбивањето на царот да склучи мир, така и од невидените злосторства, грабежи и самоволие од византиските сили. Бугарите ги опколиле влезовите и излезите на планинските премини со дрвени бедеми и направиле заседи во тесните грла. Така, во [[Битка кај Плиска|теснините на Врбишкиот превој]] бугарските сили катастрофално ги поразиле Византијците, притоа убивајќи го [[Никифор I]]. [[Ставрикиј]], синот на Никифор, тешко ранет во грбот, успеал да избега жив и во големи страдања пристигнал во Адријанопол ([[Одрин]]). Според летописот, кога била отсечена главата на Никифор, Крум го исчистил неговиот череп и со гордост наздравувал со него кога пиел со неговите советници.
По големата победа над византиската војска и смртта на царот [[Никифор I]] во Битката кај Плиска во [[811]] година, Византиското Царство се нашланашло во многу тешка ситуација. Синот на Никифор и легитимен наследник [[Ставракиј]], кој бил сериозно ранет во битката, бил соборен во есента истата година, по државен удар. [[Михаил I Рангабе]] бил прогласен за император.
Бугарија, која исто така претрпела тешки загуби и големи материјални штети за време на кампањата на Никифор, исто така морала да ја реорганизира својата армија и ресурси и не била во можност да започне нова војна до следната година. Бугарските напади биле главно концентрирани во [[Тракија]], но, исто така и по долината на река Струма. Многу градови биле запленети и нивната популација била испратена далеку на север во Бугарија преку [[Дунав]].
[[Слика:Bulgaria krum map pl.jpg|right|мини|250 px|Границите на Бугарија во времето на Крум]]
[[Слика:KrumAndMichael.jpg|right|мини|250 px|Крум и Михаил I ги собираат своите војски <ref>Минијатура од хрониката на [[Јоан Скилица]], XII век</ref>]]
Во меѓувреме [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]] продолжиле со напади во [[Тракија]], но во есента на 812 им бил понуден мир. Бугарската делегација била предводена од страна на Добромир<ref>Theophanes Continuatus, ''Chronographia'', p. 12</ref><ref name="Josephus Genesius p. 12">Josephus Genesius, ''Vasiliai (Reges)'', p. 12</ref>, но византискиот цар одбил да склучи мир поради "''сугестиите на неговите советници''", како што вели Теофан<ref>Theophanes Confessor, ''Chronographia'', p.497</ref>. Сепак, вистинската причина најверојатно биле точката три од договорот од 716 година според кој бегалците и од двете страни ќе бидат взаемно разменетииакоразменети без разлика дали некој од нив имал заговор против власта<ref>Theophanes Confessor, ''Chronographia'', p. 499</ref>. Таа точка била важна за Византијците поради авторитетот на нивните цареви кои биле ослабени, но по кризата во Бугарија во средината на 8 век, овој предлог станал изгоденповолен и за нив. Како одговор на одбивањето, бугарските сили го опколиле [[Несебар]]. И покрај загубата кај Несебар, Византијците не биле подготвени да ја решат ситуацијата по мирен пат<ref name="Josephus Genesius p. 12" />. Во текот на зимата на 812-813 година, кнезотханот Крум започнал интензивни подготовки за напад против [[Византија]], икога разбрал за тоа императорот [[Михаил когаI разбралРангабе|Михаил]], соодветно започнал со подготовка за одбрана. Во [[февруари]] [[813]] бугарските сили организирале неколку напади во [[Тракија]], но набргу се повлекле по првите судири со [[Византија|Византијците]]. Повлекувањето се сметало од страна на византискиот цар како победа<ref name=Theoph500>Theophanes Confessor, ''Chronographia'', p. 500</ref> и тоа повлекување го охрабрило да направи контра напад.
Византиската војска се упатила кон север, но не ги презела сите активности за да се врати назад градот Несебар. Тие се сместиле во близина на [[Одрин]] каде војската започнала грабежи на своја земја.<ref name="Theoph500" />. Во мај бугарскиот хан Крум исто така своите сили ги упатил кон Одрин<ref name=Incertus336>Scriptor Incertus, ''Historia'', p. 336 - 337</ref>. Во јуни двете армии се сретнале во близина на малата тврдина Версиникија, северно од Одрин. Двете армии биле доста вознемирани што чекале дури 13 дена во жешките летни денови на [[Тракија]] за почеток на битката. [[Битка кај Версиникија|Битката кај Версиникија]] траела кратко. По првичниот византиски успех, бугарските сили успеале да им нанесат еден од најголемите порази на византиските сили. Победата кај Версиникија и понатаму ја влошила хаотичната ситуација на Византија и му дала на бугарскиот хан можност за напади во близина на самиот византиски град Константинопол. Битката исто така ја запечатила судбината на [[Михаил I Рангабе]] кој бил принуден да абдицира и да се повлече во манастир.
Патот кон [[Цариград]] бил отворен и бугарската војска започнала поход кон освојување на византиската престолнина.<ref name=Theoph503>Theophanes Confessor, ''Chronographia'', p. 503</ref> Имало уште неколку тврдини во [[Тракија]], кои останале во византиски раце, особено [[Одрин]] кој бил опколен од братот на Крум. На [[17 јули]] [[813]] Крум пристигнал пред ѕидините на Цариград и го поставил својот логор без никакви пречки<ref name="Theoph503" /><ref>Scriptor Incertus, ''Historia'', p. 342</ref>. Бугарите изградиле ровови по целата должина на ѕидовите на градот, а потоа Крум одеднаш понудил мировен договор<ref>Златарски, ''И. История на България'', Т 1, Ч 1, 271 - 272</ref>. По неуспешниот атентат врз Крум, тој разгневен наредил да бидат разграбени и опожарени црквите и манастирите во [[Источна Тракија]].<ref>Scriptor Incertus, ''Historia'', p. 342 - 344</ref>, заробените византиски војници да бидат убиени, додека богатството од грабежите да биде однесено кон Бугарија. Замоците и населени места во внатрешноста на Источна Тракија биле ограбени и целосно уништени. Кулминација на гневот му бил [[Опсада на Одрин (813)|заземањето на Одрин]] и поробувњето на 10.000 војници кои го штитиле градот<ref>Georgius Monachus, ''Chronicon'', col. 981</ref>. Крум по ова започнал масовна подготовка за напад на Константинопол, која вклучувала [[Стари Словени|Словени]], [[Авари]] и специјални опсадни објекти. Загрижен од сите овие подготовки императорот започнал зајакнување на ѕидовите на градот и заштитните објекти. Опсадата била повлечена поради смртта на Крум на на [[13 април]] [[814]]. Во градот била наметната бугарска воена администрација на чело со крумовиот брат<ref name="gjuz52">Гюзелев, ''Кавханите и ичиргу-боилите'', с. 52</ref>. Со мировниот договор склучен во 814/815 година од кнезхан [[Омуртаг]], Одрин бил вратен во пределите на [[Византија]]<ref>Рънсиман, ''История на Първото българско царство'', с. 71</ref>.
== Внатрешна политика==
|