Разлика помеѓу преработките на „Изгревно Езеро“

Додадени 439 бајти ,  пред 4 месеци
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
должина, на пределот помеѓу врвот Боази на север ивисокопланинскиот превој (седло) Цигански Премин на југ, на источната страна веднаш до самиот срт на територијата на [[Македонија]].
==Одлики==
Обликот на езерото е издолжен, овален и заоблен со послабо наликување на [[Круша|крушовиден]] или [[Јајце|јајцевиден]] изглед, со најголема должина на протегање во правец северозапад-југоисток и најголема широчина на протегање во правец југозапад-североисток, при што западниот езерски брег е речиси права линија, додека источниот брег е прилично заоблен, како и северниот и јужниот брег кои се со помала заобленост<ref>{{Наведено списание|last=Sharevski|first=Mario|date=2019|title=GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES|url=http://www.igeografija.mk/MGD/Reviews-52_2019/03_MOUNT_KORAB_GEOPGRAPHICAL_OVERWIEV.pdf|journal=Географски разгледи / Geographical Reviews|volume=52|pages=91-106|doi=https://doi.org/10.37658/GR19520091sh}}</ref>. Езерото има постојан водостој и неговата длабочина изнесува околу 1,5 метри<ref>Посетено и нуркано во езерото од [[Корисник:Македонец|Марио Шаревски]] на 27.07.2019 и 03.07.2020</ref>. Водостојот е постојан и непроменлив преку целото лето и во најтоплите денови, а во зима тоа замрзнува и е затрупано со снег<ref name="Шаревски" />. Дното на езерото е земјено (тињесто) и делумно каменесто, поради што езерската вода се одликува со голема бистрина, а поради тревнатите брегови и околина, погледнато од подалеку езерската површина има темно зелена (смарагнда) боја. Езерото нема истека, а со вода се храни од врнежите и топење на снежниците<ref name="Шаревски" />. Според своите одлики, најверојатно потеклото на ова езеро е циркно, односно ерозивно-циркно или циркно-моренско, при што тоа е настанато во преиздлабениот дел на циркот каде што започнале да се движат планинските мразници<ref name="Шаревски" />.
 
==Именување и изглед==
Се одликува со особена убавина и кое поради својата источна поставеност од сртот особено блеснува со оцртување на сонцето во езерските води при изгрејсонце, поради што може да се нарече ''Изгревно Езеро''<ref name="Шаревски" />. Поради својата местоположба близу до превојот Цигански Проход, езерото многу поретко би можело да биде познато и како Циганско Езеро. Езерото се одликува со исклучително многу убава глетка како и целиот крајолик во непосредната околина и пространство исполнето со величествени остри врвови на [[Кораб]] (но и глетка на гребенот на [[Бистра]] во далечината), кои го опкружуваат Изгревно Езеро од север, запад и југ, при што циркот во кој се наоѓа има отвореност само кон исток и југо исток, давајќи му изглед на езерото и непосредната околина како на бисер во школка<ref name="Шаревски" />. Иако е тоа постојано природно езеро, поради многу тешката пристапност на пределот и големата одалеченост, тоа не е обележано на ниту една од географските и топографски карти и е речиси целосно непознато и непроучено од науката, а исто така е и многу ретко посетувано од посетители - овчари и планинари.