Изгревно Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 12:
}}
 
'''Изгревно Езеро''' — природно [[ледничко езеро]] на планината [[Кораб]], во [[Македонија]]. Поточно, тоа се наоѓа на источната македонска страна непосредно до главниот планински срт на протегање, сместено во цирк помеѓу врвот [[Боази]] на север и високопланинскиот превој [[Цигански Премин]] на југ, веднаш западно и непосредно над големиот цирк Ујт Калар, на јужното подножје под врвот Боази на надморска височина од 2318 метри<ref name="Шаревски">{{Наведено списание|last=Шаревски|first=Марио|date=2020|title=Општ географски преглед на планината Кораб и нејзините (не)истражени врвови, езера и предели|url=http://edinstvenamakedonija.org.mk/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B0-2/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1-2/|journal=Записи за Кораб|volume=|pages=33-35|isbn=978-608-66336-1-5}}</ref>[[File:Изгревно Езеро (Кораб).jpg|thumb|mini|left|Оцртување на сонцето на езерската површина при изгрејсонце]] Обликот на езерото е издолжен, овален и заоблен со послабо наликување на [[Круша|крушовиден]] или [[Јајце|јајцевиден]] изглед, со најголема должина на протегање во правец северозапад-југоисток и најголема широчина на протегање во правец југозапад-североисток, при што западниот езерски брег е речиси права линија, додека источниот брег е прилично заоблен, како и северниот и јужниот брег кои се со помала заобленост<ref>{{Наведено списание|last=Sharevski|first=Mario|date=2019|title=GENERAL GEOGRAPHICAL OVERVIEW OF THE KORAB MOUNTAIN AND ITS (UN)EX-PLORED PEAKS, LAKES AND LANDSCAPES|url=http://www.igeografija.mk/MGD/Reviews-52_2019/03_MOUNT_KORAB_GEOPGRAPHICAL_OVERWIEV.pdf|journal=Географски разгледи / Geographical Reviews|volume=52|pages=91-106|doi=https://doi.org/10.37658/GR19520091sh}}</ref>. Езерото има постојан водостој и неговата длабочина изнесува околу 1,5 метри<ref>Посетено и нуркано во езерото од [[Корисник:Македонец|Марио Шаревски]] на 27.07.2019 и 03.07.2020</ref>. Водостојот е постојан и непроменлив преку целото лето и во најтоплите денови, а во зима тоа замрзнува и е затрупано со снег<ref name="Шаревски" />. Дното на езерото е земјено (тињесто) и делумно каменесто, поради што езерската вода се одликува со голема бистрина, а поради тревнатите брегови и околина, погледнато од подалеку езерската површина има темно зелена (смарагнда) боја. Езерото нема истека, а со вода се храни од врнежите и топење на снежниците<ref name="Шаревски" />. Се одликува со особена убавина и кое поради својата источна поставеност од сртот особено блеснува со оцртување на сонцето во езерските води при изгрејсонце, поради што може да се нарече ''Изгревно Езеро''<ref name="Шаревски" />. Поради својата местоположба близу до превојот Цигански Проход, езерото многу поретко би можело да биде познато и како Циганско Езеро. Езерото се одликува со исклучително многу убава глетка како и целиот крајолик во непосредната околина и пространство исполнето со величествени остри врвови на [[Кораб]] (но и глетка на гребенот на [[Бистра]] во далечината), кои го опкружуваат Изгревно Езеро од север, запад и југ, при што циркот во кој се наоѓа има отвореност само кон исток и југо исток, давајќи му изглед на езерото и непосредната околина како на бисер во школка<ref name="Шаревски" />. Иако е тоа постојано природно езеро, поради многу тешката пристапност на пределот и големата одалеченост, тоа не е обележано на ниту една од географските и топографски карти и е речиси целосно непознато и непроучено од науката, а исто така е и многу ретко посетувано од посетители - овчари и планинари.
{{ надворешни снимки
| width = 230px
Ред 19:
| video1 = [https://www.youtube.com/watch?v=FjDwuE3xyjY Аматерската и панорамска снимка „Изгревно Езеро на Кораб“ од 2019 година] од серијалот „Уживај во Македонија
}}
 
==Галерија==
<center>