Милетска школа: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
nov tekst |
nov tekst |
||
Ред 1:
Првата школа на научните философи никнала во Милет.
Овој град на јонскиот брег претставувал жива раскрсница за трговијата и за сообраќајот. На југоисток лежат Кипар, Феникија и Египет, на север Егејско и Црно море, грчкото копно и островот Крит. На исток Милет бил во тесна врска со Лидија, а преку неа и со државите на Месопотамија.
Од Лидија жителите на Милет го научиле занаетот на ковање златни пари. На милетското пристаниште имало врволица од едра на многу народи, а неговите складови биле натрупани со стока од целиот свет.
Со постоењето на парите како универзално средство за натрупување на вредности и за размена на еден вид стока со друга, не е ни чудно што милетските философи го поставувале прашањето за потеклото на стварите.
Тројцата славни философи од Милет се: Талес, Анаксимандар и Анаксимен.
|