Охридска гомнушка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
Охридската гомнушка почнува да се мрести од втората половина на мај и завршува во првата половина од август. Во текот на овој период, во плитките литорални делови на езерото, температурата на водата се движи од 18 до 24 Целзиусови степени. За време на периодот на мрестење, некои поединци можат да се окарактеризираат со секундарни сексуални карактеристики. Така, нивната маслинеста боја на вентралната страна станува бледо-жолта. На главата и на телото им се појавуваат мали тркалезни бели епителни конвекси, кои им се поголеми на главата. Тие исчезнуваат по завршување на репродуктивните активности.
 
Охридската гомнушка е литофилна риба која се мрести во групи од околу 10-15, а ретко 50-60 единки, од кои само неколку се женки. Женките се поголеми. Рибите се мрестат во близина на големикарпиголеми карпи, т.е. ги ослободуваат своите јајца во празнините близу до површината на водата. Тие минуваат низ празнините и се фаќаат на површината на карпите со нивната вентрална страна. После оплодувањето, јајцата паѓаат во празнините или се лепат на чистите подлоги без алги. Така, јајцата се заштитени и од силните ветришта кои се прилично силни на овие места, како и од други ципринидни риби како грунецот, моранецот, кленот и мрената кои опортунистички можат да ги искористат во исхраната.
 
Јајцата на оваа риба имаат густа и нетранспарентна надворешна мембрана, покриена однадвор со силно леплив слој. По падот на јајцата во вода, надворешната мембрана се одвојува од јајцето и се формира перивителинскиот простор. После процесот на соголување и гаструлација, со затворање на бластопорот, првите неколку миомери се појавуваат на средина на ембрионот. Во текот на вториот ден, бројот на миомерибрзо се зголемува, приближно 20 или повеќе, а очитe се рамни и се појавуваат во пределот на главата.