Расизам: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Употреба на терминот и сродни термини: Јазична исправка, replaced: суфикс → наставка |
с Правописна исправка, replaced: встро-Унга → встроунга (2) |
||
Ред 88:
По Наполеонските војни, Европа се соочувала со новото „прашање на националности“, што водело до реконфигурирање на Европската мапа, разграничување на границите на земјите за време на Вестфалискиот мировен договор. Национализмот го направил своето прво појавување со измислувањето на масовното регрутирање од страна на француските револуционери, притоа измислувајќи масовно собирање на војници со цел да бидат способни да ја одбранат ново создадената Република против доминацијата на стариот режим од страна на Европските монархии. Ова довело до Француските револуционерни војни (1792-1802 година) а потоа и до Наполеонските освојувања, и до подоцнежните дебати ширум Европа на концептите и суштините на државите, а особено на националните држави. Вестфалискиот мировен договор ја поделил Европа на неколку империи и кралства (Отоманското Царство, Светото римско царство, Шведската империја, Кралството на Франција, итн.) и со векови се воделе војни помеѓу принцовите (Kabinettskriege на германски јазик).
Модерните национални држави се појавиле во почетокот на Француската револуција, со појавувањето на патриотски чувства за првпат во Шпанија за време на Полуостровската војна (1808-1813 година – позната во Шпанија како Војната за независност). И покрај враќањето на претходниот ред со Виенскиот конгрес, 1815 година, „прашањето за националностите“ станала главен проблем за Европа за време на Индустриската револуција, водејќи особено кон Револуциите од 1848-та, Италијанската унификација завршила за време на Француско-пруската војна, 1871 година, која и самата кулминираше со прогласување на Германското Царство во Версајската палата, па на тој начин постигнувајќи го обединувањето на Германија.
Во меѓувреме, Отоманското Царство, „Европскиот болен човек“ , се соочувала со бескрајни националистички движења, кои, заедно со распуштањето на
Едно од своите главни влијанија било Рамантичарското националистичко движење на преминот кон 19-от век, претставувано од личности како Јохан Готфрид фон Хердер (1744-1803 година), Јохан Готлиб Фихте (1762-1814 година) во делото „Дискурс до германската нација“ (1808 година), Фридрих Хегел (1770-1831 година), или исто така, во Франција, Јулиј Мишел (1798-1874 година). Етничкиот национализам бил во спротивност со либералниот национализам, кој бил претставувам од автори како Ернест Ренан (1823-1892 година), кој ја гледал нацијата како заедница, која, наместо да се заснова на етничката група „Волк“ и на одреден, заеднички јазик, се создала на субјективната волја да се живее заедно („нацијата е секојдневен плебисцит“ , 1882 година) или Џон Стјуарт Мил (1806-1873 година).
Етничкиот национализам се споил со научно расистичките дискурси, како и со „континентално империјалистичките“ (Хана Арент, 1951 година) дискурси, на пример во пан-германистичките дискурси, коишто ја постулираат расната супериорност на германската етничка група „Волк“. Пан-германската лига (Alldeutscher Verband), создадена во 1891 година, се залагала за Германскиот империјализам, „расната хигиена“ и се спротивставувала на мешан брак со Евреи. Друго популарно движење, „Народното движење (Германија)“, претставувало важен поборник за германскиот етничко националистички дискурс, кој се поврзал со современиот антисемитизам. Членови на „[[Народно движење (Германија)|Народното движење]]“, особено [[Туле (друштво)|друштвото „Туле“]], учествувале во создавањето на Германската работничка партија (ДАП) во Минхен во 1918 година, претходникот на [[НСДАП|Националсоцијалистичката партија]] (НСДАП). Пан-германизамот одиграл одлучувачка улога во меѓувоениот период на 1920-тите до 1930-тите години.
Ред 96:
= Етнички конфликти =
Дебати на тема потекло на расизмот често подлежат на недостиг на јасна дефиниција за терминот. Многу го користат терминот за да упатат на поопшт феномен, како што е ксенофобија и етноцентризам, и покрај тоа што научниците јасно се обидуваат да ги разликуваат тие феномени од расизмот како една идеологија или од научниот расизам, што има мала поврзаност со секојдневната ксенофобија. Други комбинираат современи форми на расизам со поранешни форми на етнички и национални конфликти. Во повеќето случаи, етно-националниот конфликт изгледа како да мора да се спротивстави за природни и стратешки ресурси. Во некои случаи, етничката припадност и национализмот биле наменети да ги сплотат воините помеѓу големи религиски империи (на пример, муслиманските Турци и католичките
Поимите раса и расизам често играле главни улоги во такви етнички конфликти. Низ историјата, кога еден противник ќе се препознаел како „припадник на другата страна“ во однос на раса или етничка припадност (особено кога таа друга страна се толкува како „инфериорна“) средствата применети од страна на само-претпоставената „супериорна“ страна за да присвои територија, робови, или материјално богатство честопати биле понемилосрдни, побрутални, и помалку притеснети од морални или етички сфаќања. Според историчарот Даниел Ричер, „Војната на Понтијак“ го увидело појавувањето на двете страни од конфликтот во идејата на романот дека „сите домородци се ‘Индијанци’, дека сите Евро-Американци се ‘белци’, и дека треба сите на една страна да се обединат за да ги уништат другите“. (Ричер, „Свртен на исток од една индијска земја“, стр. 208) Базил Дејвидсон настојува во својот документарец „Африка: различна но иста“, дека расизмот, всушност, само неодамна излегол на површина, некаде кај 19-от век, поради потребата за оправдување на ропството во Америка.
Идејата за ропството како еден „работодавач со еднаква можност“ се појавила со воведувањето на христијанската теорија на Западот. Држејќи сè до тоа дека Африканците биле „полу-луѓе“ претставувало единствената дупка во тогаш усвоениот закон дека „луѓето се создадени еднакви“што би го земало во обзир одржувањето на „Триаголната трговија“. Нови луѓе во Америка, можни робови, биле пресретнати, тепани, и на крај потчинети, но, тогаш, поради европски болести, нивниот број драстично опаднал. Преку двете влијанија, се развиле теории за „расата“, и им помогнале на многу да ги оправдаат разликите во ставот и односот кон луѓето кои ги категоризирале како припадници на различни раси.
|