Димитар Миладинов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: Австро-Унгарија → Австроунгарија
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: встро-унга → встроунга
Ред 39:
Во училиштето во [[Охрид]], Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот [[Виктор Иванович Григорович]]. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски [[народни песни]] и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем [[Зборникот на Миладиновци|Зборник]] (наречен "„Бугарски народни песни“", затоа што имало песни и од Бугарија). Во таа дејност се вклучил и средниот брат [[Наум Миладинов]]. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во [[Цариград]] и дипломирал на отсекот [[музика]] и [[граматика]]. Во [[1843]] година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македонија, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со [[нотни записи]], ги мелографирал, па така тој е нашиот прв [[музичар]] и [[мелограф]].
 
Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со [[гркомани]]те во [[Битола]], а по еден таков судир со битолскиот митрополит [[Венедикт]], тој ја напуштил Битола и Македонија. Во [[Сремски Карловци]] и [[Нови Сад]] имал прилика да се запознае со животот на [[Срби]]те под [[Австроунгарија|австро-унгарскаавстроунгарска]] власт, каде уживале потполна [[културна автономија]]. Подоцна заминал во [[Белград]]. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на [[панславизам|панславизмот]] и [[Илирско движење|Илирското движење]], кои во потполност ги прифатил како свои.
 
При крајот на [[1856]] година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.